четврток, 20.03.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Тод веќе не е шеф на Ферари

Ферари го именуваа Амедео Фелиса како генерален директор (ЦЕО) на формула 1 тимот по повлекувањето на Жан Тод. 62-годишниот Французин беше клучна фигура во трансформацијата на италијанскиот тим во еден од најуспешните во Ф1 и сега, најверојатно, ќе остане на висока улога во Ферари.

Фелиса, кој исто така има 62 години, почна со работа во Ферари во 1990 година и е генерален менаџер на тимот од 2006. Тод дојде во Ферари во 1993 година и го предводеше тимот до фантастичните шест титули по ред во конструктори од 1999 до 2004 година. Тод беше директор на Ферари како замена за претседателот на компанијата Лука ди Монтеѕемоло, кој беше шеф на Конфиндустрија, италијанската организација на вработувачи.

“Мојата посветеност кон претседателот беше да ја менаџирам компанијата до крајот на неговиот мандат како претседател на Конфиндустрија и да покажам кон новиот директор за спортски менаџмент. Тоа го завршив и сега почнува нова фаза во мојот живот во која ќе имам повеќе време да посветам на себе и на моите други интереси. Нормално ќе продолжам да работам и да придонесувам на Ферари во сите мои позиции кои претседателот ќе ми ги додели”, вели Тод.

Оваа промена е кулминација на смените на генерациите во Ферари, со заменувањето на претходните странски лидери со нов италијански состав. Успехот во доцните 90-ти беше резултат на пристигнувањето на Михаел Шумахер (Германец), на техничкиот директор Рос Браун (Британец) и на шефот на дизајн, Рори Бирн (Јужноафриканец) во 1996 година, време до кое Тод веќе три години беше на чело на тимот.

Тод останува член на бордот на Ферари, како и претседател на Ферари Азија Пацифик и Ферари Западна Европа.

Но, веднаш почнаа шпекулации дека Тод има поголема улога во својата иднина и дека ќе се кандидира за претседател на ФИА во 2009, кога Макс Мозли најави дека ќе си замине. 68-годишниот Мозли е добар пријател на Тод и се верува дека ја има неговата поддршка.

Во следните три години во бордот на Ферари се Лука ди Монтеѕемоло, Пјеро Ферари (синот на Енцо Ферари), Феручио Лупи, Серџо Марчионе (ФИАТ), Паоло Монферино, Линдзи Овенс-Џонс (поранешен директор на Л'Ореал), Марко Пичинини (заменик претседател на ФИА) и Серџо Пининфарина.

Алонсо нема да има многу трпение во Рено

Фернандо Алонсо изјави дека нема да има бесконечно трпение во Рено Ф1 тимот. Иако двократниот светски шампион вели дека е задоволен што се врати во Рено, смета дека тимот мора да направи подобар болид за да остане среќен во тимот.

“Сигурно, можам да бидам трпелив, но колку долго? Не, не многу. Лани бев на четврто место при крајот на сезоната зад возачите на Ферари и Луис Хамилтон. Во Австралија, пак, бев четврти, така што во моментот мојата позиција не е сменета. Ова е долга сезона, но ако тимот не се подобри нема да имам трпение. Единствено што сега можеме да го направиме е да дадеме 100% за да се подобриме бидејќи имаме добар потенцијал. Имаме заостанување од 8 стотинки зад најдобрите, а во текот на трката дури и цела секунда, но работиме на овој болид само два месеци”, вели Алонсо.


Тод веќе не е шеф на Ферари
На продажба: Скудерија Торо Росо
Италијанците немаат милост за Ферари
Хамилтон доминантен на мешаницата во Мелбурн
Стартува Ф1 циркусот
Ф1 битката започна
“Се надевам дека Фернандо е подготвен!”
Што се се промени за 2008?
Лука не се “смирил” со Мекларен
Вилијамс ја претстави шасијата за 2008
Денис заминува оваа недела?
Хамилтон може да биде шампион
Проблеми за Хамилтон
“Ферари се посилни оваа година”
„Рено нема шанси“
“Флавио е вљубен во Алонсо”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи