
|
 |
Спорт / Формула 1
Казнети пилотите на Мекларен
Пилотите на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон и Хеjки Ковалаинен беа казнети од судиите на трката во Малезија со пет места поназад во стартниот ред пред утрешната трка. Санкцијата за горенаведените дојде поради блокирање на Ник Хајдфелд (БМВ Заубер) и Фернандо Алонсо (Рено) за време на денешните квалификациски средби.
Судиите веднаш по квалификациите ги повикаа Хамилтон и Ковалаинен да дадат свое објаснување за однесувањето на патеката во последните секунди од квалификациите, откако Алонсо и Хајдфелд се пожалија кај стјуардите дека исклучително бавно се движеле возачите пред нив. Хамилтон е казнет поради тоа што го блокирал Хајдфелд, додека Ковалаинен заработи казна поради попречувањето и на Германецот и на Алонсо.
Со најновата промена на стартниот ред, Фелипе Маса останува на пол-позицијата, додека Ковалаинен ќе стартува од 8-та, додека Хамилтон од 9-та стартна позиција.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|