сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

БМВ Заубер “подобро од очекувањата”

Формула 1 сезоната почна со две одлични трки во Австралија и Малезија и станува јасно дека БМВ Заубер тимот се појавува на насловните страници само во позитивна конотација. Тимот во првите две трки од 2008 освои 19 поени, девет повеќе од првите две трки во 2007. Во Сепанг, Роберт Кубица првпат стигна до второто место во кариерата, повторувајќи го успехот на Ник Хајдфелд во Мелбурн. Фабриките во Минхен и Хинвил работат напорно и сите се горди на импресивниот старт.

Дури и Ник Хајдфелд е импресиониран.

“Навистина не очекував дека ќе бидеме исто брзи со Мекларен во Малезија, но во последните кругови бевме дури и побрзи од нив. За разлика од зимските тестови, сега се функционира совршено. Беше посебно забавно да се поминат Алонсо и Култхард во исто време во првите кругови”, вели 30-годишниот Германец.

На претпоследниот круг во трката Хајдфелд покажа што би се случило да не беше инцидентот со Јарно Трули - тој ја помина 5.543 километри долгата патека во Сепанг за 1:35.366 за најбрз круг на трката, првпат во неговите 136 ГП трки во кариерата и првпат за БМВ.

ТАЈЗЕН СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ, НО ОСТАНУВА РЕАЛЕН

Директорот на БМВ Моторспорт, Марио Тајзен, беше внимателен да не предвидува дека ќе ги победува Мекларен и Ферари оваа сезона.

“Очигледно по првите две трки има позитивно расположение во тимот, имаме 19 поени, Ник имаше најбрз круг во Малезија и тоа е нешто повеќе од што очекувавме пред стартот на сезоната. Избравме добар пат за развивање на болидот и уште го немаме стигнато максимумот”, вели Тајзен.

Сепак, Германецот вели дека оригиналната цел за 2008 ќе биде остварена - да се оствари првата ГП победа.

“Поставивме две цели за 2008, една беше да се бориме со тие пред нас и изгледа дека го правиме тоа на овие две трки. Другата цел е за првпат да се победи и сигурен сум дека можеме да го постигнеме тоа”, вели Тајзен.

Новиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, беше пресреќен од победата на Кими Раиконен во Малезија, но болидот зад него не беше очекуваниот Мекларен, туку многу брзиот БМВ.

“Видовме дека БМВ имаа одличен викенд. Мораме да ги почитуваме бидејќи тие ќе земаат поени од нас и Мекларен. Шампионатот ќе биде потежок поради тоа”, вели Доменикали.

Бриаторе: “Дајте малку време на Рено”

Шефот на Рено, Флавио Бриаторе, вели дека е прерано да се оценува формата на францускиот тим по првите две трки од новата сезона. Рено се обидуваат да се вратат по разочарувачката 2007, но се мачеа да се држат со најдобрите тимови и покрај враќањето на Фернандо Алонсо, човекот кој освои две титули со нив во 2005 и 2006.

Шпанецот заврши на четвртото место по хаотичното Австралиско ГП, но мораше да се задоволи со осмото место во Малезија, каде што од подобрите тимови само Фелипе Маса не ја заврши трката. Но, Бриаторе вели дека треба да се почека бидејќи тимот најавува подобрувања за стартот на европската сезона.

“Околу Турското ГП. Тогаш ќе можеме да го оцениме вистински Р28. Сега сме во средина на многу ветувачка развојна серија бидејќи е нереално да се очекува дека тие секунди кои ни недостасуваат од Мекларен и Ферари ќе ги пронајдеме за неколку дена. Почнуваме нова сезона и нема причина да се фокусираме на минатото. Ако имаме како што велите болид за средината, тогаш Ферари немаа болид во Мелбурн. Секако, Мекларен и Ферари имаат брз болид, но видете што им се случи на Ферари во Австралија”, вели Бриаторе.

Италијанецот исто така не сакаше да ги коментира шпекулациите дека Алонсо веќе размислува за иднина со Ферари.

“Фернандо е голем спортист кој го дава својот максимум во секоја ситуација, а шпекулациите никогаш не ги коментирам. Трошење време е да се влезе во хипотетички сонувања”, вели Бриаторе.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи