
|
 |
Спорт / Формула 1
Тод вети помош за Доменикали
Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари, вети дека ќе направи се што може да му помогне на својот наследник Стефано Доменикали да се прилагоди на неговата нова улога. Тод се повлече од позицијата шеф на Ферари на крајот на минатата година, и сега има улога на советник во тимот велејќи дека ќе му ја даде целосната поддршка на Доменикали за да се продолжи со серијата успеси за Скудерија, велејќи дека неговите години искуство се важни.
"Ќе биде малку препотентно од мене да се каже дека тоа ќе бидат совети. Но, зборуваме за тензиите и притисокот, така што помага да имаш некој кому му веруваш и кој ти се допаѓа за да ги поделиш емоциите и сомнежите со него. Понекогаш тие кои си заминуваат сакаат да крктикуваат и кажуваат што треба, а што не треба да правиш. Тоа не е мојот стил. Јас сакам да ги поддржам Ферари и да им помогнам колку што можам", вели Французинот.
ТОД БАРА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ
Од шефовите на формула 1 тимовите се бара уште повеќе да ги намалат трошоците во спортот. Тод верува дека тоа е најголемиот предизвик на Ф1 светот за сигурна иднина.
"Секако, трошоците во формула 1 се премногу големи. Не можеме да игнорираме дека има економска криза во светот во моментов и тоа може да се види со цената на акциите и по берзите. Ако некоја компанија сака да биде во Ф1, тоа ќе биде бидејќи трошоците се прифатливи и дека вреди да се биде таму. Така што дури иако трошоците во спортот драматично се намалија во последните три-четири години, се уште е многу скапо и претседателот на ФИА, Макс Мозли, работеше напорно на овој проблем. Тоа е првиот предизвик во модерната формула 1. Дури потоа мораме да обезбедиме регулативите да бидат погодни за бизнисот бидејќи некои ограничувања не ги даваат посакуваните резултати. Но, одиме во вистинска насока", вели Тод.
ФЕРАРИ ИМААТ ПРЕДНОСТ ВО БАХРЕИН?
Шефот на Мерцедес Моторспорт, Норберт Хауг, смета дека неодамнешното искуство на Ферари на патеката Сакир го прави италијанскиот тим фаворит за победа на Бахреин ГП трката следниот викенд. Од 11 формула 1 тимови само Ферари и Тојота решија да направат скапа посета во Бахреин за шестдневен зимски тест.
"Тоа сигурно е предност за нив", вели Хауг.
Токму на тестирањето во Бахреин се виде дека тимот од Маранело е фаворит по зимското тестирање. Јарно Трули од Тојота отворено се восхитуваше на брзината на Ф2008 болидот, иако тимот не успеа да ги сруши своите рекорди од минатата година.
Шефот Стефано Доменикали се согласува дека тестот ќе биде предност, но предупреди дека условите на патеката во април се сосема различни од тие во февруари.
"Тоа што поминавме повеќе денови таму во споредба со другите, сепак, е позитивно", заклучува Италијанецот.
ФИА реши како да ги троши "парите на Мекларен"
Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) на ФИА се состана во Париз и формираше менаџерски комитет за Моторспорт развојниот фонд за безбедност, телото кое ќе распредели 60 милиони е од казната на Мекларен Мерцедес за развојот на моторспортот низ целиот свет. Членови на комитетот се Макс Мозли и Михаел Шумахер, Ник Кроу, претседателот на американските моторспорт совети, Жан Тод, и Норберт Хауг (од Ферари и Мерцедес како производители вклучени во инцидентот кој ја донесе казната).
Мекларен беа казнети со 100 милиони е казна поради вклученоста во шпионскиот скандал со техничките документи на Ферари. Намерата на овој фонд е да се распределат парите во следните пет години и да се концентрираат на активностите со младинската програма, програмата за тренинг на официјални лица и подобрување на условите на патеките.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|