четврток, 03.04.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Рон Денис има сопствена визија

Шефот на Мекларен, Рон Денис, вели дека му се допаѓа што формула 1 има глобална експанзија во следната декада, но додава дека не е можно да има повеќе од 20 трки во сезона. Денис говореше на Моторспорт бизнис форумот во Бахреин, и посочи дека е одлично што Русија, Индија, Јужна Кореја, Абу Даби и Катар ќе имаат нови трки, но дека формула 1 мора да "остане во своите природни логистички рамки".

"Одлично е што Берни Еклстоун ја созададе можноста да се шириме, но имам две ограничувања. Прво сезоната никогаш не смее да има повеќе од 20 трки, а второ мораме да имаме затворена сезона во текот на зимата. Тоа е потребно не само поради логистички причини туку да остане чувството на очекување во срцата на Ф1 фановите. Најдобро продаваните формула 1 магазини се секогаш едициите за најава на сезоната, а не тие во текот на сезоната", вели Денис.

Британецот исто така предупреди дека мора да има регулативи со кои формула 1 ќе остане "врвот на моторспортот".

"Мораме да бидеме на врвот, од гледна точна на инжинерите, но и од сите други гледни точки. Денот кога формула 1 акционерите, но и формула 1 фановите ќе почнат да се сомневаат во тоа, ние загубивме с$. Но, во исто време е клучно формула 1 да биде поевтина", завршува Денис.


Рон Денис има сопствена визија
Монтеѕемоло: "Маса останува во Ферари!"
Мозли не размислува за заминување
Мозли во наци-секс скандал? видео
Шуми четврти во дебито на две тркала
Тод вети помош за Доменикали
БМВ Заубер “подобро од очекувањата”
Алонсо “чука” на портите на Ферари?
Раиконен победник на трката во Малезија
Казнети пилотите на Мекларен
Маса и Култхард уште не можат да се согласат
Тод веќе не е шеф на Ферари
На продажба: Скудерија Торо Росо
Италијанците немаат милост за Ферари
Хамилтон доминантен на мешаницата во Мелбурн
Стартува Ф1 циркусот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Курс по астрономија
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи