
|
 |
Спорт / Формула 1
Шуми го поддржува Маса
Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер не верува дека БМВ Заубер тимот ќе може да го задржи успешниот старт на формула 1 сезоната и сериозно да конкурира на Ферари и Мекларен за титулата во конструктори. Германскиот тим, кој има две втори места по ред, изненадувачки се најде на второто место во генерален пласман поделувајќи ги лидерите Мекларен и третопласираните Ферари.
"БМВ тука и таму ќе имаат по неколку добри трки, можеби повеќе отколку што сите очекуваат. Но, кога ќе се пресмета с$ не верувам дека можат да издржат така цела сезона", вели Шумахер.
39-годишниот Германец вели дека не гледа друг тим кој може да се натпреварува со тимовите кои лани ги освоија сите трки.
"Верувам дека ова е јасна битка меѓу Ферари и Мекларен. Нема да има друг тим кој реално ќе биде во можност да се спротивстави", додава Шумахер, кој освои две титули со Бенетон и уште пет со Ферари.
Ферари ја освоија минатогодишната титула во конструктори откако на Мекларен им беа одземени сите поени поради вклученоста во шпионскиот скандал со поседувањето на доверливи податоци на италијанскиот тим. Шумахер вели дека возачите на БМВ, Ник Хајдфелд и Роберт Кубица нема да се борат за титулата, но во исто време имаше зборови за охрабрување за неговиот млад сонародник во Торо Росо, Себастијан Фетел и покрај двете откажувања на првите две трки.
"Тој ќе биде многу добар без разлика на резултатите. Беше одличен во Австралија и Малезија с$ до откажувањата. За многу работи оваа сезона мислам дека тој ќе биде најголемото изненадување", оценува Германецот.
МАСА ДОБИВА ПОДДРШКА И ОД ШУМИ
Шуми исто така смета дека неговиот колега од последната негова Ф1 сезона 2006, Фелипе Маса с$ уште може да ја освои титулата и покрај слабиот старт на сезоната и критиките кои ги добива поради тоа. Екс-шампионот вели дека Бразилецот може да победи во Бахреин овој викенд исто како минатата година.
"Да, тоа не беше најдобар можен старт, но работите се менуваат бргу во формула 1. Тој е многу способен возач и има големи шанси да ја освои титулата", вели Шумахер.
26-годишниот Маса се откажа од Австралиското ГП, по што имаше серија грешки пред да се изврти од пол-позицијата на последната трка во Малезија. Луис Хамилтон има 14 поени во генерален пласман, три повеќе од светскиот шампион Кими Раиконен и асот на БМВ Хајдфелд, но советникот на Ферари, Шумахер, вели дека тоа не е недостижна предност.
"Маса е многу фокусиран и знае што мора да направи. Притисокот е нормален во нашиот свет и знам дека Фелипе знае да излезе на крај со тоа", вели Шумахер.
Слабиот старт на сезоната на Маса предизвика големи шпекулации за неговата иднина во италијанскиот тим и покрај тоа што има уште две години од својот договор. Претседателот на Скудерија, Лука ди Монтеѕемоло, ги отфрли шпекулациите дека Фернандо Алонсо е подготвен како замена за 2009.
"Имаме двајца одлични возачи, најдобрите кои можеме да ги добиеме. Ако Маса ја освои титулата на крајот на годината, никој нема да се сеќава на стартот на сезоната", заклучува Шуми.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|