
|
 |
Спорт / Формула 1
Лауда смета дека Хамилтон "станува полош"
Поранешниот формула 1 шампион, Австриецот Ники Лауда ја критикуваше Бахреин ГП трката на Луис Хамилтон, велејќи дека возачот на Мекларен паднал во форма оваа година. Хамилтон победи на првата трка од сезоната во Австралија, но во Малезија мораше да се задоволи со третото место, а во Бахреин имаше катастрофална трка во која имаше два судири.
Британецот прво имаше тежок удар во ѕид на петочната тренинг сесија оштетувајќи го својот МП4/23 болид, додека во неделата се удри во Реното на Фернандо Алонсо и мораше да влезе во боксот, завршувајќи ја трката само како 13. Ова беше разочарувачки за возач кој сака да се бори за победи и за светска титула, а Лауда вели дека виновникот е самиот Британец.
"Во моментов Луис воопшто не ме импресионира. Мислев дека ќе биде подобар оваа година, но тој стана полош. Моментално е во многу лоша форма. Судирот со Фернандо Алонсо и излетувањето во петокот, тоа беа две целосно непотребни работи. Луис не покажа ништо во Бахреин. Што е проблемот? Мислам дека притисокот кој самиот го става на себе", вели Лауда.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|