
|
 |
Спорт / Формула 1
"Мозли е само стар човек кој сака да се забавува!"
Поранешната Ф1 ѕвезда Хуан Пабло Монтоја инсистира дека секс-скандалот кој се развива околу претседателот на ФИА, Макс Мозли, е само "работа за смеење". Њуз оф д Ворлд објавија детали околу "болната наци оргија со 5 проститутки" во Лондон, и иако Мозли не ги демантира повеќето обвинувања, тој вели дека немало нацистички моменти во овој скандал.
"Бев навистина шокиран од тоа. Кога ми го пратија видеото не можев да поверувам. Сега само си мислам дека тоа е стар човек кој се обидува да се забавува. Навистина ми се допаѓаше, беше навистина смешно. Кога прво слушнав беше шокантно, но сега тој реши да се однесува како ништо да не се случило и тоа е уште посмешно", вели Монтоја.
32-годишниот Колумбиец кој се префрли во НАСКАР серијата по заминувањето од Ф1 во средината на 2006, сепак не сакаше да каже дали се согласува со консензусот дека Мозли мора да замине.
"Имам мислење за тоа, но нема да го кажам. Едноставно среќен сум што не сум таму", додава Монтоја.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|