понеделник, 14.04.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

"Не го обвинувајте Луис, туку болидот"

Актуелниот шампион Кими Раиконен вели дека тие кои го критикуваат Луис Хамилтон за слабиот старт на сезоната 2008 треба вината треба да ја побараат во формата на Мекларен Мерцедес, а не во Британецот. Додека Хамилтон имаше совршен старт на сезоната со триумф во Австралија, оттогаш освои само 4 поени за петтото место во Малезија, додека на последната трка во Бахреин излета на тренингот, имаше лош старт, удри во задниот дел на Фернандо Алонсо во вториот круг и заврши како 13., предавајќи го водството во генерален пласман на Раиконен.

"Луис не направи многу грешки оваа сезона. Оваа година Мекларен не се толку силна позиција со болидот како лани. Можеби е потешко кога немате добар болид а се обидувате да туркате до крај, посебно во викенд во кој ништо не оди како што треба", вели Раиконен, кој до 2006 беше во тимот на Мекларен.

Гледајќи го својот старт на сезоната, кој е сосем поинаков од тој на Хамилтон, со катастрофално Австралиско ГП, победа во Малезија и второ место во Бахреин, 28-годишниот Финец вели дека е задоволен, но предупреди дека има уште многу до крајот.

"По три трки водам во генерален пласман, за разлика од минатата година и затоа сум задоволен. Лани беше тешко за мене во нов тим и морав да научам многу работи и многу луѓе. Сега се е полесно бидејќи знам што тие сакаат и тие знаат што јас сакам. Влегувам во секоја трка со мисла за победа, но сега кој било од шесте возачи од Ферари, Мекларен и БМВ можат да победат", додава Раиконен.


"Не го обвинувајте Луис, туку болидот"
Шуми повторно ќе тестира за Ферари
"Мекларен не се победнички тим"
Кубица "избегал" од Рено?
Судбината на Мозли ќе се решава на 3 јуни
"Мозли е само стар човек кој сака да се забавува!"
Лауда смета дека Хамилтон "станува полош"
Во Ферари се „плашат“ од БМВ
Денис не верува дека БМВ ќе издржат до крај!
Алонсо признава: "Рено се само осми"
Нова "тивка" војна Алонсо-Хамилтон
Мозли: "Не направив ништо лошо!"
Трета среќа за Маса во Бахреин
Мекларен, БМВ, Тојота и Хонда бараат смена на Мозли
Шуми го поддржува Маса
Рон Денис има сопствена визија
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Курс по астрономија
Траен налог
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи