
|
 |
Спорт / Формула 1
Почна четиридневниот тест во Барселона
Пред Шпанското ГП во Барселона, со кое се отвора европската сезона следниот викенд, почна тестирањето на патеката Каталуња на кое се присутни сите формула 1 тимови, освен Супер Агури кои имаат проблеми со финансирањето и покрај новиот сопственик. По првите три трки во Австралија, Малезија и Бахреин, сите ќе ја искористат шансата да тестираат аеродинамички и механички подобрувања за четвртата трка од шампионатот.
Михаел Шумахер наводно ќе биде на патеката во модифицираниот Ф2008 на Ферари, кој би требало да ги емулира регулативите за следната сезона. Покрај Шумахер, Хонда возат со поранешниот возач Алекс Вурц, Форс Индија му даваат шанса на Витантонио Лиуци, додека Торо Росо треба да ја возат првпат нова СТР3 шасија.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|