
|
 |
Спорт / Формула 1
Ферари и Рено ќе се борат за Алонсо?
Сезоната 2008 може да се претвори во битка на два тима за добивање на услугите на двократниот светски шампион Фернандо Алонсо. По неуспешната авантура во Мекларен, Шпанецот потпиша двегодишен договор за враќање во Рено и и покрај сите демантирања јасно е дека тој може да замине од францускиот тим на крајот на сезоната доколку нема конкурентен болид.
Разочарувачката форма на Рено оваа година веќе донесе неколку коментари од самиот Алонсо дека неговиот шеф за 2009 не е сигурен, а неговиот омилен тим, по се изгледа, е Ферари. Италијанскиот тим, сепак, има договори за 2009 со Кими Раиконен и Фелипе Маса, но шпанскиот печат реагира со изненадување на изјавите на портпаролот на Ферари, Лука Колајани.
"Фернандо е интелигентен и професионален возач кој секогаш знае што треба да се каже", вели Колајани.
Но, сегашниот шеф на Алонсо, Флавио Бриаторе, не е подготвен да се откаже толку бргу.
"Ако не се вратиме на победничките патеки, Фернандо ќе си замине, но не порано од 2010", вели Бриаторе.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|