
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Алонсо вели дека не направиле голем чекор напред
Фернандо Алонсо верува дека неговиот тим Рено не направиле доволно голем прогрес да се издвојат од "средната" група и покрај неколкуте големи подобрувања на Р28 болидот оваа недела. Двократниот шампион и неговиот тим признаа пред тестот во Барселона дека се надеваат на подобра сезона со овие подобрувања, а Алонсо имаше најдобро време во средата и оцени дека подобрувањата се добар чекор по слабиот старт на сезоната, но не знае дали тоа е доволно.
"Болидот е подобар, тоа е сигурно, но не направивме многу прогрес. Сe уште не сме избегале од 'средната' група. Многу е тесно. Работите не се променија многу бидејќи и другите тимови ги подобруваат своите болиди. Во основа сме на исто место пред тестот. Ако сe оди добро ние сме во група со која можеме да се квалификуваме како осми, но ако не успееме тогаш пред нас ги имаме Ред Бул, Тојота и Вилијамс и тогаш сме 14-ти", вели Алонсо.
Шпанецот признава дека не е лесно да се оцени каде стојат Рено пред Шпанското ГП следната недела.
"Имавме добар ден тестирање и задоволен сум од формата, но мораме да одиме напред. Тешко да се оцени каде сме во однос со другите. Тоа ќе го дознаеме следната недела", завршува Алонсо.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|