
|
 |
Спорт / Формула 1
Шуми сигурен во Ферари
Михаел Шумахер смета дека Ферари имаат предност пред двата главни ривали пред Шпанското ГП следниот викенд. 39-годишниот пензиониран седумкратен светски шампион го тестираше Ф2008 болидот на Ферари на патеката Каталуња во средата.
"Мислам дека има три тима кои можат да се борат за победи. Оваа ситуација ми се допаѓа и е навистина добра за спортот. Но, верувам дека Ферари имаат мала предност. Затоа Фелипе и Кими се големи фаворити за следната трка", вели Шумахер, кој е советник на Ферари и повремен тест-возач.
Шумахер исто така застана зад мислењето на повеќе активни Ф1 возачи кои сметаат дека ФИА мора да размисли за забраната на т.н. "загревачи на гумите" за следната сезона. Тимовите во Барселона експериментираа со предложените правила за 2009 вклучувајќи го враќањето на мазните гуми, драстично намалување на надолната сила и секако отсуството на покривките за гумите. Додека сите се согласуваат дека враќањето на мазните гуми е одлично, се појавува проблем на безбедноста.
"Да, следната година ќе мораат да ги задржат загревачите за гуми. Сега е позабавно со мазните гуми бидејќи има повеќе надолна сила и тоа е многу позитивно за формула 1. Менувањето на балансот меѓу аеродинамиката и механиката може да донесе поголема конкурентност", вели Шумахер.
Големиот Германец се појави на насловните страници во последно време со двата пада со својот мотоцикл на патеката Лаусицринг.
"Повеќе би сакал да не паѓам, но и тоа е дел од спортот. Ако возиш мотоцикли ќе паѓаш. Среќен сум од тоа што го правам. Нема да престанам со мотоциклите бидејќи многу ми се допаѓа тоа што го работам", завршува Шуми.
РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА - 3.ДЕН):
1.Ф.Алонсо (Рено) 1:18.483 100
2.М.Шумахер (Ферари) 1:19.323 83
3.А.Зутил (Форс Индија) 1:19.424 102
4.Р.Кубица (БМВ) 1:19.785 112
5.Н.Розберг (Вилијамс) 1:19.841 65
6.Р.Баричело (Хонда) 1:19.920 141
7.Л.Хамилтон (Мекларен) 1:20.591 102
8.С.Бурде (Торо Росо) 1:20.715 71
9.М.Вебер (Ред Бул) 1:20.849 87
10.Ј.Трули (Тојота) 1:20.867 90
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|