сабота, 19.04.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Раиконен: Следува најтешката трка во сезоната

Финецот Кими Раиконен, актуелниот светски шампион во Формула 1 и моментално водечкиот во генералниот пласман за оваа сезона се подготвува за нова трка, Големата награда на Шпанија.

„Патеката во Барселона е најтешка трка во сезоната. По неа, по тежина, следат трките во Турција и Монако. Значи Барселона би можела да понуди повторно промена на самиот врв на што веќе се навикнавме сезонава“, рекол „ледениот“ Финец.

Раиконен после три трки оваа сезона води во генералниот пласман со 19 бодови пред Ники Хајфилд со 16 и тројката со по 14 бодови Хамилтон, Кубица и Ковалаинен.

„Мекларен имаше добра прва трка, после тоа се дигнавме ние и БМВ. Постојат и други возачи кои можат да бидат незгодни. Во овој момент најтешко е да се зборува кој е фаворит. Верувам дека ние во Ферари можеме да се нарекуваме така пред останатите“, рекол Раиконен.

„Слушнав како Рено во последно време работи многу добро и дека имаат страшен мотив, поради доаѓањето на Алонсо, да се качат скалило погоре. Тие сигурно нема да признаат дека сите ние сме пред нив. Ни следува многу неизвесна сезона и сјајна трка во Барселона“, завршил светскиот првак.


Раиконен: Следува најтешката трка во сезоната
Алонсо вели дека не направиле голем чекор напред
Шуми сигурен во Ферари
Ферари и Рено ќе се борат за Алонсо?
Дали во Ферари има нов шпион?
Алонсо: „Морам да научам да возам на средина“
Почна четиридневниот тест во Барселона
"Не го обвинувајте Луис, туку болидот"
Шуми повторно ќе тестира за Ферари
"Мекларен не се победнички тим"
Кубица "избегал" од Рено?
Судбината на Мозли ќе се решава на 3 јуни
"Мозли е само стар човек кој сака да се забавува!"
Лауда смета дека Хамилтон "станува полош"
Во Ферари се „плашат“ од БМВ
Денис не верува дека БМВ ќе издржат до крај!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи