
|
 |
Спорт / Формула 1
Мекларен сигурни во прогрес, но внимателни пред Барселона
Генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш, вели дека во тимот се самоуверени дека направиле доволно подобрувања во текот на тестирањето, но остануваат внимателни бидејќи е тешко да се процени колку напред отишле нивните ривали.
Пред Шпанското ГП во Барселона следниот викенд, Витмарш додаде дека тие нема да имаат јасна претстава за формата сe до петокот, посебно бидејќи викендот во Бахреин не помина како што требаше.
"Шпанското ГП означува старт на европската сезона и Мекларен ќе бидат во Барселона, како и многу тимови, со голем број подобрувања на болидот. Болидите остануваат релативно исти во текот на првите три трки, но овој викенд е прва шанса да видиме до каде сме со развојот на МП4/23 болидот. Сигурни сме дека имаме завршено добра работа, но тестот не беше вистински индикатор за формата. Фокусот беше на аеродинамиката, надолната сила, балансот и ефикасноста на болидот. МП4/23 беше нов болид во текот на зимското тестирање, но сега се работи за болид со доста искуство", вели Витмарш.
Трката во 2008 во Барселона е 40. која се одржува во Шпанија, со 37 Шпански ГП и две Европски ГП. Мекларен имаат осум победи во Шпанија од кои четирипати со Мерцедес Бенц. Првата трка во Шпанија, Копа Каталуња се одржа во Барселона во 1908 година, а Шпанското ГП дебитираше во Ф1 во 1951 година, иако првпат постојано се одржуваше трката од 1969 година. Од тогаш пет патеки биле на календарот: Каталуња, Харама, Херез, Монжуик и Педраблес. Мекларен завршија 6.680 километри тестирање на патеката пред трката.
"Секогаш е тешко да се предвидува, но мислам дека имаме конкурентен болид. Каталуња е одлична патека и не смееме да ја загубиме од календарот бидејќи секогаш има многу фанови и добри трки. Од последната трка во Бахреин работев во нашиот центар, на тестирањето, но и на мојата физичка подготвеност. Мислам дека имаме добра шанса за победа", вели главната ѕвезда на тимот, Луис Хамилтон.
Неговиот колега Хеики Ковалаинен вели дека е среќен што, конечно, почнува "вистинската" Ф1 сезона.
"Барселона е патека на која перформансите се на вистински тест. Морате да имате добар аеродинамички болид за да бидете брзи, а обично и времето тука е одлично", вели Ковалаинен.
Потпретседателот на Мерцедес-Бенц, Норберт Хауг, вели дека Мекларен мора да работи напорно на подобрувањето на аеродинамичката ефикасност, посебно поради новите хомологациски правила на ФИА.
"Моторот е со иста спецификација до крајот на 2012 година. По Малезиското ГП секој производител поднесе референтен мотор за хомологација кај ФИА. Од сега не се дозволени модификации на моторот, освен за развојот на горива и лубриканти, и подобрувањето на периферните компнентни. Моторите кои се користеа во Бахреин исто така ќе бидат користени и во Шпанија. Постои непишаното правило - кој може да победи во Барселона, може да победи на која било друга трка", вели Хауг.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|