
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Мозли го брани својот стил на живот
Шефот на ФИА, Макс Мозли, вели дека има право да има "екцентричен" приватен живот и вели дека ќе се бори да остане на чело на федерацијата. Во неговото прво интевју откако британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд објави фотографии од неговите наводни наци-секс оргии, Мозли признава дека скандалот го засрамило неговото семејство, но додаде дека е горд што "илјадници животи" се спасени на патиштата поради неговата работа во ФИА.
Мозли вели дека не ги демантира случките опишани од Њуз оф д Ворлд, но додава дека тоа е приватна работа. За Сандеј Телеграф, Мозли признава дека неговата сопруга Џин "не била најзадоволна" и дека неговите синови се "засрамени".
"Критиките кои ги добивам се базирани на идејата дека не смееш да имаш никаков екцентричен сексуален живот. Повеќето, сепак, сметаат дека ако некој сака да го прави тоа, не му штети на никого и е сосема дискретно, тоа не е негова работа", вели Мозли.
Мозли прифаќа дека "неколку поранешни возачи" го критикувале, но вели дека ниту еден од вистинските "креатори на мислењето" во формула 1 не му кажале ништо. Англичанецот вели дека сака да го заврши својот мандат и да си замине доброволно во октомври 2009. Тој ќе оди на гласање на итниот состанок на генералното собрание на ФИА во Париз на 3 јуни.
"Ако сакаат да продолжам, тогаш ќе продолжам. Мојата цел секогаш беше да завршам со ФИА во 2009. Причината е многу едноставна - ако застанам во 2009 ќе имам 69 години и ќе можам да направам уште нешто корисно. Ако останам до 73 години, тогаш ќе бидам маргинален", вели Мозли во изјава која може да го налути неговиот добар пријател, 77-годишниот Берни Еклстоун.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|