среда, 23.04.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Алонсо: "Немам проблеми со Хамилтон"

Двократниот светски шампион во формула 1, Фернандо Алонсо, тврди дека немал проблеми со својот британски тимски колега Луис Хамилтон во текот на проблематичната сезона 2007 во Мекларен.

"Секогаш имаше многу зборување за него и потоа беше создаден тој ангагонизам, но никогаш немаше никакви проблеми", вели Шпанецот во интервју за Ел Паис.

Алонсо се врати во Рено по сезоната во Мекларен која беше одбележана со медиумски шпекулации за несогласувањата меѓу двајцата возачи и обвинувањата дека тимот го фаворизирал Хамилтон. Британецот контроверзно победи на Унгарското ГП откако на Алонсо му беше одземена пол-позицијата за заддржување на Хамилтон во боксот во текот на квалификациите.

"Луѓето зборуваат за Унгарија, за тоа влегување во боксот, но тоа не беше негова грешка. Тимот требаше да направи чекори и ако јас требаше да излезам прв и да изгорам повеќе гориво, тогаш требаше да преземат мерки за тоа да се случи. Но, тие не беа заинтересирани за нешто такво", вели Алонсо.

Контроверзите продолжија и оваа сезона на Бахреин ГП, кога Хамилтон удри во задниот дел на Реното на Алонсо излегувајќи од кривината и заврши надвор од поени.

Шпанецот вели дека е разочаран од дел од луѓето со кои работеше во Мекларен, но не од сите нив.

"Не ме разочараа сите, и мислам дека меѓу 1.000 вработени во Мекларен има фантастични инжинери и луѓе. Но, да, сигурно има луѓе кои многу ме разочараа и со кои не можев да работам. Хамилтон не беше еден од нив, тој беше на маргините. Изгледаше дека Мекларен не сакаше јас да останам во тимот. Имаа добар болид со кој можев да победувам, но знаев дека нема да можам да го направам тоа во тој тим", додава Алонсо.

ТЕШКО ДО ПОДИУМОТ ВО БАРСЕЛОНА

Самиот Алонсо не се согласува со својот шеф Флавио Бриаторе, кој најави дека Шпанецот ќе биде во игра за место на подиумот во Барселона овој викенд. Бриаторе оптимистички изјави дека промените на болидот направени на тестирањето минатата недела ќе донесат "огромен скок" во перформансите.

Но, откако го тестираше модифицираниот Р28 болид на патеката Каталуња, Алонсо вели дека не очекува да биде меѓу најдобрите во Шпанија.

"Ја почнавме сезоната лошо и во формула 1 е тешко да се врати загубеното време толку бргу. Ќе се обидеме да бидеме поблиску до најдобрите, но... Подиумот би бил големо изненадување. Минатата година имаше повеќе шанси за победа отколку оваа година за подиум", вели Алонсо.

Сепак, целта на Шпанецот засега останува иста - да се подобри формата на Рено и да се работи на тоа да се има конкурентен болид следната година.

"Мораме да ги подобриме работите во Рено за да имам можност да имам добар болид за следната година", заклучува Алонсо.

Алонсо, кој освои две титули со Рено во 2005 и 2006 и беше блиску со Мекларен минатата сезона, најави дека ќе замине од франуцскиот тим ако немаат добри перформанси оваа сезона.

"Мојата прва опција е да останам во Рено ако успееме да креираме победнички болид и правиме прогрес. Но, сакам да се тркам во болид кој може да ми донесе победи. Има неколку тимови со таков потенцијал: Вилијамс, Тојота, БМВ и Ферари", вели Алонсо.


Во Ферари велат дека не им треба Алонсо
Баричело со рекорд или не?
Алонсо: "Немам проблеми со Хамилтон"
Мозли го брани својот стил на живот
Мекларен сигурни во прогрес, но внимателни пред Барселона
Раиконен: Следува најтешката трка во сезоната
Алонсо вели дека не направиле голем чекор напред
Шуми сигурен во Ферари
Ферари и Рено ќе се борат за Алонсо?
Дали во Ферари има нов шпион?
Алонсо: „Морам да научам да возам на средина“
Почна четиридневниот тест во Барселона
"Не го обвинувајте Луис, туку болидот"
Шуми повторно ќе тестира за Ферари
"Мекларен не се победнички тим"
Кубица "избегал" од Рено?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Траен налог
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи