
|
 |
Спорт / Формула 1
Баричело со рекорд или не?
Рубенс Баричело вели дека ќе го прослави своето 275. гран при во Турција следниот месец, и покрај несогласувањата околу бројот на негови трки. 35-годишниот Бразилец верува дека ќе го израмни рекордот на Рикардо Патрезе од 256 старта на неделното Шпанско ГП и дека ќе го помине на 11 мај во Турција. Но, поради комплексноста на Ф1 правилата, постои несогласување околу овој број.
Гран При Гајд, годишникот на Ф1 статистичарот Жак Дешено, тврди дека Баричело има 250 трки на стартотн а сезоната 2008, бројка со која трката во Истанбул ќе му биде 255. Според Дешено, возачот се тркал на една трка ако стартувал со сите. Тоа значи дека нема да се бори трагичното Сан Марино ГП, кое беше одбележано од смртта на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер, кое Баричело го пропушти поради тешкиот судар во петокот пред трката, ниту Шпанското ГП во 2002, на кое Бразилецот се квалификуваше, но не се натпреваруваше поради проблеми во загревачкиот круг. Но, затоа на листата е Белгиското ГП во 1998, кое беше рестартувано без него откако тој беше вклучен во инцидент во првиот круг.
Дури и неговиот Хонда тим на почетокот на сезоната објави дека Баричело има 249 трки на стартот на сезоната, нешто што го променија преку соопштение.
"Поради недостиг на консензус за тоа која трка го одбележува 257. старт на Рубенс, тој ќе го прослави рекордот во Турција", велат од Хонда.
Баричело, кој дебитираше на Јужноафриканското ГП во 1993 година, има 9 победи и 61 пласмани на подиумот во кариерата. Тој ја стартуваше кариерата со тимот на Џордан, каде што помина четири години пред да замине во тимот на Стјуарт во 1997. По три години со тимот на Џеки Стјуарт, Баричело во 2000 замина во Ферари како партнер на Михаел Шумахер. Во Ферари Баричело беше шест години пред во 2006 да се пресели во Хонда.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|