
|
 |
Спорт / Формула 1
Во Ферари велат дека не им треба Алонсо
Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, вели дека не сака да потпише договор со двократниот светски шампион Фернандо Алонсо за следната година, верувајќи дека таков потег би бил "штетен" за тимот. Алонсо демантираше дека има клаузула во својот двегодишен договор со Рено со кој може да замине на крајот на сезоната, иако не го крие својот восхит кон Скудерија. Но, Ди Монтеѕемоло вели дека не сака Алонсо да му биде партнер на актуелниот светски шампион Кими Раиконен во "тим од соништата" следната година.
"Да се стават Раиконен и Алонсо во ист тим значи да си направиш самиот себеси штета. На Ферари им се потребни двајца еднавки возачи кои ќе работат заедно", вели Монтеѕемоло.
Шпанецот се пресели од Рено каде што ги освои двете титули во Мекларен за една сезона во 2007 и поголемиот дел од годината го помина во несогласувања со дебитантот Луис Хамилтон додека двајцата се бореа со Раиконен за светската титула.
Но, ниту оваа година тој не е задоволен од перформансите на Р28 болидот на Рено и доби одлични рецензии откако успеа да освои шест поени со овој слаб болид во првите три трки.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|