
|
 |
Спорт / Формула 1
Кими е расположен, што се случува со Хамилтон?
Со 19 освоени поени Кими Раиконен влегува на Шпанското ГП овој викенд како лидер во генерален пласман, со три поени повеќе од Ник Хајдфелд во БМВ и пет поени пред Луис Хамилтон од Мекларен. Затоа актуелниот шампион вели дека е расположен пред четвртата трка од сезоната и прва од европската сезона.
"Доаѓам во Шпанија како лидер во генерален пласман, додека претходно обично јас бев тој што ги бркам другите. Ако успеам да ги оставам другите зад мене оваа трка, тоа значи дека водството може да се зголеми. Мојот пристап е како и секогаш: да дадеш 100%, како целиот тим. Ситуацијата може да се промени многу бргу во Ф1 и затоа е важно да се соберат што е можно повеќе поени на секоја трка бидејќи има уште многу до крајот", вели Раиконен.
И покрај доминацијата на Ферари во Малезија и Бахреин и очекувањата кај сите дека во Барселона ситуацијата ќе биде уште подобра за Скудерија, Финецот вели дека враќањето во Европа ќе донесе потесни трки.
"Ќе биде многу блиску, сите тимови воведоа подобрувања, и ќе биде уште поинтересно. Среќен сум што се вративме во Европа бидејќи нема да мораме да патуваме толку многу и можеме да се фокусираме на викендот. Како некоја традиција, како сезоната да почнува сега. За мене ова е посебно бидејќи првпат стартувам во Европа како лидер во генерален пласман", вели Раиконен.
Кими победи во Шпанија во 2005, но тоа е единствениот пласман на подиумот за него на оваа трка.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|