четврток, 24.04.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Рамирез загрижен за „падот на Хамилтон“

Поранешниот член на Мекларен, Џо Рамирез признава дека ако тој сe уште беше во тимот на позиција ко-ординатор на тимот, ќе беше многу загрижен за падот на формата на Луис Хамилтон. И покрај победата на првата трка од сезоната во Мелбурн, минатогодишниот вицешампион како дебитант беше далеку послаб од својот тимски колега Хеики Ковалаинен во Малезија, пред да направи серија грешки (лош старт, судар со Фернандо Алонсо) и да го освои 13. место во Бахреин пред две недели. Рамирез признава дека не му се верувало кога 22-годишниот Британец влегуваше од грешка во грешка во Бахреин.

"Не сфаќам како направи толку многу грешки", вели 66-годишниот Рамирез.

Мексиканецот се потсетува на зимското тестирање во Херез, каде што Хамилтон беше "концентриран и брз".

"Ако бев одговорен за Мекларен, ќе морав да бидам загрижен за сегашната ситуација. Рон Денис сигурно веќе зборувал со него за тоа. Во последните пет трки, ако се сметаат последните две од 2007, Хамилтон едноставно направи премногу грешки", вели Рамирез.

Тој исто така признава дека оригиналниот план за кариерата на Хамилтон во Мекларен била тој во 2007 година да биде тест-возач, а оваа година да дебитира во тимот, но дека алтернативата на двајца Шпанци во 2007 (Фернандо Алонсо и тест-возачот Педро де ла Роса) ги искомплицирала работите и дека Рон Денис решил да го "забрза" дебито на Британецот.

"Во првите 15 трки од 2007 довербата на тимот во Луис беше целосно оправдана. Но, сега притисокот е голем и никој не смее да заборави дека тој има само 20 ГП трки во кариерата", додава Рамирез.


Рамирез загрижен за „падот на Хамилтон“
Кими е расположен, што се случува со Хамилтон?
Се очекува тешка битка во Шпанија
Во Ферари велат дека не им треба Алонсо
Баричело со рекорд или не?
Алонсо: "Немам проблеми со Хамилтон"
Мозли го брани својот стил на живот
Мекларен сигурни во прогрес, но внимателни пред Барселона
Раиконен: Следува најтешката трка во сезоната
Алонсо вели дека не направиле голем чекор напред
Шуми сигурен во Ферари
Ферари и Рено ќе се борат за Алонсо?
Дали во Ферари има нов шпион?
Алонсо: „Морам да научам да возам на средина“
Почна четиридневниот тест во Барселона
"Не го обвинувајте Луис, туку болидот"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи