сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Во Каталонија почеток на европската сезона

Во теорија Шпанското ГП носи најмалку изненадувања од  која било друга трка на формула 1 календарот. Тимовите се на патеката толку често, што сите подесувања на менувачот се познати, сите нивоа на надолна сила се искалкулирани и секое однесување на кривините е познато. Единствен непредвидлив елемент е ветерот кој може да ја наруши деликатната аеродинамика на модерните Ф1 болиди. Тоа значи дека речиси сигурно ќе видиме 2х2х2 старт во Каталонија (со Ферари, Мекларен и БМВ).

Ова е трка на која стартува кампањата против расизмот во спортот, но ова паѓа во сенка на наци-секс скандалот на шефот на ФИА, Макс Мозли. Кампањата стартуваше откако неколку идиоти фанови на Фернандо Алонсо расистички го напаѓаа Луис Хамилтон, а самиот Алонсо не помогна велејќи дека ги разбира нивните фрустрации.

Но, во моментов Фернандо Алонсо има поважни работи, да направи нешто повеќе со многу лош болид. Алонсо вели дека ќе остане во Рено, но додава дека “како што видовме лани, договорите се флексибилни”. Лука ди Монтеѕемоло излезе минатата недела и изјави дека нема место за Шпанецот во Ферари додека Раиконен е тука, а Раиконен носи тоа што ветува.

Пред една година Фернандо пристигна на својата домашна трка со можности да стигне до трета титула по ред. Оваа година тој ќе се мачи да биде на подиумот.

Ферари ќе се обидат да ја консолидираат својата позиција како најдобар тим оваа година и би требало да се види само кој црвен болид ќе биде на врвот. Маса беше убедливо побрз од Раиконен во Бахреин и двете патеки се многу слични. Лани Маса успеа да го задржи Алонсо на првата кривина, но сега на таа позиција ќе бидат сигурно неговиот колега или Роберт Кубица.

БМВ Заубер покажаа дека можат да се борат со големите момци, Ферари и Мекларен, но Рон Денис верува дека кога тимовите се вратија во Европа, брзината на развојот на болидите ќе види одвојување токму на Ферари и Мекларен. Историјата покажува дека Заубер секогаш имале силен старт на сезоната, по што полека паѓале во сенка, но тоа беше пред Марио Тајзен да ги поврзе супер-компјутерите на БМВ во овој тим.

Во средината многу е тешко да се прогнозира кој од Ред Бул, Тојота, Вилијамс и Хонда ќе ги добие квалификациите и можните поени. Поназад Себастијан Фетел ќе се обиде да добие малку километри откако имаше само неколку кривини во Австралија и Бахреин, додека Супер Агури се среќни што ќе можат да ги имаат отворено своите гаражи.




Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи