
|
 |
Спорт / Формула 1
Еден - два победа за Ферари
Пилотите на Ферари се изборија за еден два победа на трката за Големата награда на Шпанија, на пистата во “Каталонија”.
На највисокото место на пиедесталот се искачи Финецот Кими Раиконен, а веднаш зад него денешната трка ја заврши неговиот клубски колега Бразилецот Фелипе Маса. За место меѓу тројцата најдобри, кои по трката се освежија со славеничко шампањско се избори и пилотот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон. Бодови денеска последователно освоија уште и четвртопласираниот Кубица - БМВ Заубер, потоа Вебер - Ред Бул Рено, Батон – Хонда, Накајима - Вилијамс Тојота и Јарно Трили – Тојота.
Во генралниот пласман во конкуренција на возачи води актуелниот шампион Кими Раиконен со 29 освоени бодови, а втор е Хамилтон со 20 поени. Третото место по четири извозени трки му припаѓа на Кубица - БМВ Заубер со 19 поени, а потоа следуваат Маса - Ферари 18 поени, Хајдфилд - БМВ 16 и Ковалаинен - Мекларен 14.
Во генералниот пласман во конкуренција на конструктори табела изгледа вака:
1. Ферари 47, 2. БМВ Заубер 35, 3. Мекалрен Мерцедес 34.
Следната трка на програмата е за две недели, а ќе се вози за Големата награда на Турција.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|