сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Ковалаинен не се сеќава на судирот!

Возачот на Мекларен, Хеики Ковалаинен вели дека не се сеќава ништо за неговиот инцидент на Шпанското ГП, откако доби дозвола да замине од болницата во Барселона.

"Имам мала главоболка и укочен врат, но освен тоа се чувствувам добро и ментално и физички. Сега сакам да бидам ОК што е можно побргу да ја поминам медицинската инспекција на ФИА по која ќе можам да се тркам во Турција. Не се сеќавам на ништо од инцидентот и од тоа што се случуваше понатаму", вели 20-годишниот Финец по најтешкиот судар во неговата Ф1 кариера.

Турското ГП, петтото коло од шампионатот се оддржува во Истанбул на 11 мај, и Ковалаинен ќе мора да оди пред ФИА и да докаже дека е подготвен да се натпреварува.

Според Мекларен Финецот, кој водеше во трката кога двете Ферарија и неговиот колега Луис Хамилтон влегоа во боксот, излетал во бариерата од гуми откако имал откажување на предната оска на тркалата. Тој возел околу 240 км/ч кога предната лева гума откажа и удрил во ѕидот со 130 км/ч, а Хеики почувствувал намалување на брзината еквивалентно на 27Г, или 27 пати од неговата телесна тежина.

Според генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш тоа е поголема сила од таа кога се исфрлаш од војнички авион. Инцидентот можеше да има и посериозни последици бидејќи болидот цел се искрши пред да удри во ѕидот. Трикратниот светски шампион Џеки Стјуарт смета дека е чудо што Ковалаинен преживеал.

"Хеики е многу среќно момче. Ако ова се случеше во времето кога ние возевме, немаше шанси тој повторно да оди. Тоа само покажува колку е направено на поле на безбедноста", вели Стјуарт.

 




Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи