
|
 |
Спорт / Формула 1
Хамилтон станува позрел возач
Денис го отфрли советот на Џеки Стјуарт дека на Луис Хамилтон му е потребен надворешен "тренер". Шкотланѓанецот ги спореди проблемите со формата на Хамилтон со неговиот обид "од градинка да отиде на факултет преку ноќ", и додаде дека "дури и големиот Тајгер Вудс има човек покрај него". Денис не се согласува.
"И кој е тој тренер? Кој врвен возач има тренер. Тоа воопшто не постои. Никогаш нема да имам возач кој ќе биде предводуван од трето лице", вели Денис.
Англичанецот смета дека Хамилтон е престрог кон себеси и дека завршува одлична работа со притисокот.
"Мислам дека Луис е престрог кон себеси. По се што работи во тимот, тој ќе дојде до медиумите и ќе каже дека не завршил добра работа и дека е лут. Не се сеќавам на неговите зборови, но колку често се случува тоа? Многу ретко. Мика го правеше тоа, бидејќи и тој беше искрен како Хамилтон", завршува Денис.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|