
|
 |
Спорт / Формула 1
Не сум "незаинтересиран"
Фернандо Алонсо мораше да врати на критичарите кои тврдеа дека тој е "индиферентен" кон сезоната 2008 со Рено, велејќи дека само се обидел "да биде најискрен што може". Поранешниот двократен светски шампион имаше лош старт на сезоната откако се врати во "Режи" по една година со Мекларен Мерцедес, но на неговата домашна трка во Барселона имаше позитивен пресврт, откако беше втор на квалификациите и сега Алонсо е полн со надеж дека е можен позитивен финиш на сезоната.
Пред Шпанското ГП, возачот од Овиедо тврдеше дека ќе биде "невозможно" да се стигне до пласмани на подиумот оваа сезона и постојано потенцираше дека во 2009 сака да вози за победнички тим, што многумина го протолкуваа како барање за трансфер во Ферари. Сега Алонсо се брани велејќи дека сакал да биде "искрен", но додаде дека е 100% посветен на францускиот тим.
"Во моменти во минатото кога велев дека ќе победам, луѓето оценуваа дека сум арогантен, а сега се вели дека сум незаинтересиран ако не верувам во нереални успеси. Јас само сакам да бидам искрен", вели 26-годишниот Шпанец.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|