
|
 |
Спорт / Формула 1
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
Рон Денис остро ги демантираше шпекулациите дека тој е непознатиот лик зад истрагата која го почна наци-секс скандалот на претседателот на ФИА, Макс Мозли. Британецот Мозли, кого го очекува гласање за доверба, јавно се сомневаше во вистинската причина на откритијата на британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд. Тој во април пиша писмо до сите членови на ФИА велејќи дека тој не бил цел на нападот на таблоидот, туку поради "причини и клиенти кои засега се непознати".
Скандалот донесе сомнежи дека Денис може да ја нарачал истрагата за приватниот живот на Мозли како одмазда за катастрофалниот за Мекларен шпионски скандал минатата година кој ги чинеше рекордни 100 милиони $ и одземање на сите поени во пласман на конструктори. Рон Денис вели дека тоа е само шпекулација.
"Како што секогаш велев, категорично демантирам дека имам нешто со истрагата на Њуз оф д Ворлд во животот на г. Мозли. Ниту јас, ниту некој во Мекларен групацијата или Мекларен тимот. Исто така немам агенти кои би работеле со мене", вели Денис.
Одговорот на Денис доаѓа откако Радован Новак, генералниот секретар на Чешката автомобилистичка асоцијација и долгогодишен сојузник на Мозли во интервју во Прага, изјави дека откритијата по медиумите се поврзани со минатогодишниот шпионски скандал. Денис, кој често влегуваше во конфликт со Мозли во неговите години во Ф1, вели дека Мекларен бара објаснување од Новак.
"Ние ќе пратиме писмо до г. Новак и сега размислуваме за вистинската рута по која неговите забелешки можат да се поправат или повлечат", вели Денис.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|