
|
 |
Спорт / Формула 1
Трите тима се изедначени
Техничкиот директор на БМВ Заубер, Вили Рампф, смета дека битката меѓу трите најдобри тима во формула 1 е толку тесна што дури и мало подобрување на нивниот болид на Турското ГП следниот викенд може да им ја донесе првата победа.
Ник Хајдфелд и Роберт Кубица го искористија големиот чекор напред кој го направи болидот од Хинвил, но досега им недостасуваше последното парче од слагалицата за да ги победат Ферари. Но, Рампф смета дека борбата меѓу БМВ Заубер, Ферари и Мекларен е толку тесна што за резултатот на трките одлучуваат минорни работи.
“Трката во Барселона покажа дека распоредот не е променет. Ферари се уште имаат мала предност, додека Мекларен Мерцедес и БМВ Заубер се практично изедначени. Толку е тесно што најмала модификација може да донесе големи промени. Затоа одиме напред со полна пареа”, вели Германецот.
Директорот на БМВ Заубер, Марио Тајзен, вели дека сака неговиот тим само да ја задржи позицијата покрај Мекларен и Ферари и за во Турција.
“Нашата цел за Турското ГП останува иста: сакаме да бидеме меѓу лидерите, каде што моментално Ферари се најдобро. За петтата трка од сезоната ќе направиме детално подобрување на Ф1.08 болидот”, признава Тајзен.
Со оценките на шефовите се согласува и нивниот тест-возач Кристијан Клин, кој вели дека ништо не е сменето во формула 1.
“Распоредот на силите не е променет и Ферари се уште се на врвот. Ние сме блиску до Мекларен, а нашите времиња во Барселона беа речиси идентични. Ќе завршевме пред нив ако стартувавме подобро. Во Истанбул времињата можат да бидат поинакви бидејќи таму возиме само еднаш годишно. Се работи за долга патека, и тимовите не ја познаваат така добро како таа во Барселона, каде што се тестира нон-стоп. Но, мислам дека нема да има промени на силите бидејќи немаше тестирање од Шпанија”, вели Клин.
Ривалството меѓу Мекларен и БМВ се зголемува, и тоа не само поради традиционалното баварско ривалство на БМВ и Мерцедес, партнерот на Мекларен. Шефот на Мекларен, Рон Денис, пред трката во Барселона ги “отпиша” БМВ од трката за титулата во 2008 велејќи дека откако ќе стартува европската сезона ќе се покаже кој најдобро умее да го подобрува болидот во текот на цела сезона.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|