
|
 |
Спорт / Формула 1
Супер Агури без пристап до Истанбул?
На камионите и "мотор-домот" на Супер Агури им е одбиен пристап до боксот во Истанбул пред Турското ГП следниот викенд, објавува британскиот Аутоспорт, со што сагата околу иднината на овој тим станува покомплицирана.
Тимот се надеваше дека со состанокот со бордот на Хонда минатата недела ќе се обезбеди пакет за спас за тимот преку германската компанија Вајгл Групација, но ова носи нови моменти во приказната. Иако болидите на тимот се во Британија, чекајќи го исходот на преговорите, резервните камиони се пратени во Турција.
Кога запрашале за објаснување од официјалните лица, тие добиле објаснување дека шефот на тимот на Хонда Рејсинг, Ник Фрај го информирал Формула 1 Менаџментот (ФОМ) дека Супер Агури нема да се трка во Турција.
Ова доаѓа само 24 часа откако Фрај јасно изјави дека не верува дека пакетот за спас на тимот од Вајгл не е доволен да се обезбеди иднината на Супер Агури.
"Не е можно компанија со величината на Вајгл да може да издржува конкурентен формула 1 тим, освен ако нема други партнери за кои ние не знаеме", изјави Фрај.
Вајгл врати на овие изјави, велејќи дека има инвестициони партнери и долгорочен план за тимот и дека е оптимист за договор. Фрај изјави дека не сака Супер Агури да влече од ресурсите на Хонда тимот.
"Нашата позиција е дека Хонда даде целосна поддршка на Супер Агури, повеќе од очекуваното. Но, Хонда никогаш не планираше да финансира два Ф1 тима. Сега Агури мораат да најдат пари", изјави Фрај по трката во Шпанија.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|