сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Супер Агури веќе не е дел од формула 1!

Супер Агури се повлекоа од формула 1 шампионатот по проблемите со финансирањето. Тимот кој должи мотори и поддршка од јапонскиот производител Хонда во вредност од 200 милиони $ се бореше до крај за да го обезбеди опстанокот во последните неколку месеци.

Клучниот момент беше пропаѓањето на договорот за преземање на тимот од Магма групацијата во соработка со капитал од Дубаи, и во Хонда загубија надеж дека може да се најде договор преку последниот договор со германската Вајгл групација.

Тимот беше креиран да се направи Ф1 место за Јапонецот Такума Сато, кој беше отпуштен од Хонда во 2005, додека за во 2007 и 2008 второто место го доби Британецот Ентони Дејвидсон.

"За жал морам да ве информирам дека тимот ќе престане со сите тркачки активности. Супер Агури се натпреваруваше против многу тимови со поддршка на големи производители и успеа да стигне до првите поени по 22. трка, а во 2007 завршивме како деветти во генерален пласман. Но, поради прекршување на договорот од партнерот СС Јунајтед Оил & Гас загубивме можност да го водиме тимот. Во исто време со помош на Хонда некако успеавме да го водиме тимот, но не можеме да продолжиме така поради правилата во формула 1 и затоа се повлекуваме од шампионатот", вели основачот на тимот и поранешен Ф1 возач, Агури Сузуки.

Јапонецот исто така беше критичен кон шефот на тимот на Хонда, Ник Фрај, кој се сомневаше во можноста за договор со Вајгл групацијата и наводно им соопшти на Формула 1 Менаџментот (ФОМ) дека Супер Агури нема да се тркаат во Турција овој викенд. Камионите на тимот веќе беа пренесени во Истанбул за петтата трка од 2008.

"Не сфаќам како одеднаш Ник Фрај мораше да коментира за се и сешто. Хонда беа нашите поддржувачи и тој не е шеф на Хонда. Немам интерес во него и не знам за што зборуваше. Сепак, сакам да се заблагодарам на Хонда, Бриџстоун и сите спонзори и членови на тимот. Возачите беа фантастични. Кога почнавме со тимот болидите не одеа во права линија, но Такума не се пожали ниту еднаш", вели Сузуки.

Во Хонда велат дека се разочарани од резултатот на Супер Агури тимот, но додадоа дека колапсот бил "неизбежен поради сите услови".

"Супер Агури Ф1 тимот нудеше соништа на Ф1 фановите како јапонски тим. Хонда ги поддржуваше со мотори и финансиска поддршка од основањето во 2005, а посебно од 2007. Ова е разочарувачки развој на настаните", се вели во соопштението на Хонда, иако не се посочува дали ја одбиле последната понуда на Вајгл групацијата.

Тимот функционираше со официјално седиште во Токио, но беше базирано во поранешната фабрика на тимот на Ероуз во Лифилд. Во 2006 нивните болид иимаа мотори на Хонда, но шасијата, СА05 беше базирана на болид стар три години, Ероуз А23 од 2002, купени од поранешниот шеф на Минарди, Пол Стодарт кој ги купи шасиите кога тимот на Ероуз банкротираше.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи