
|
 |
Спорт / Формула 1
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Рубенс Баричело вели дека ја направил одлуката да си замине од тимот на Ферари во половина на сезоната 2005. Бразилскиот ветеран ќе постави рекорд по број на ГП стартови во Турција овој викенд, а вели дека ја направил одлуката по контроверзниот повик на радио за време на уште поконтроверзното Американско ГП во Индијанаполис.
И покрај тоа што на таа трка само шест болиди со гуми на Бриџстоун беа на трката (откако сите останати се повлекоа поради загриженост за безбедноста), Баричело вели дека од него било побарано Михаел Шумахер да го помине и покрај тоа што Германецот не беше во трка за титулата таа година.
"Тимот побара од мене да ја намалам брзината за Михаел да се доближи и да ме помине. Тогаш знаев дека морам да си заминам. Кога го потпишав договорот со Ферари немаше ништо со што би се навестило дека ќе бидам третиран поинаку. Внатре во себеси честопати бев лут бидејќи сите велеа дека нема разлики меѓу нас. Но, тоа беше нееднаква битка", вели Баричело, кој сега вози за тимот на Хонда.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|