сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

ФИНЕЦОТ ДОБИ ДОЗВОЛА ОД МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА НА ФИА
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул

Хеики Ковалаинен ќе може да настапи на Турското ГП овој викенд. Возачот на Мекларен Мерцедес излезе од медицинскиот центар во Истанбул насмеан и на медиумите им покажа дека се е во ред. Ковалаинен беше во несвест откако поради проблеми со тркалото на неговиот Мекларен излета директно во ѕидот од гуми на Шпанското ГП. Болидот беше целосно уништен и Финецот беше среќен што се извлече без поголема повреда.

Но, бидејќи Ковалаинен беше во несвест, тој мораше да оди пред медицинската комисија на ФИА пред петтата трка од шампионатот. Мекларен објавија дека тест-возачот Педро Де Ла Роса е подготвен да го замени Ковалаинен ако тоа е потребно.

"Секако дека сум многу задоволен од одлуката на медицинскиот тим на ФИА. Пристигнав во Турција самоуверен и знаев дека ќе го поминам тестот бидејќи се чувствував 100% подготвен. Да не беше така воопшто немаше да дојдам со тимот и ќе останев дома. Моите подготовки беа добри и имав доста физички вежби. Секако, за тоа што можам да се тркам најзаслужни се сигурносните стандарди на ФИА и момците кои ми помогнаа во Шпанија. Мислам дека инцидентот изгледаше полошо отколку што навистина беше. Имав мала главоболка, но таа веднаш замина", вели Ковалаинен.

Финецот е шести во генерален пласман со најдобар резултат третото место во Малезија.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи