сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Само Ферари за победа во Турција?

Фелипе Маса ќе се обиде да го "повлече" Кими Раиконен во Истанбул, додека Рубенс Баричело ќе го прослави постанувањето на најискусниот формула 1 возач во историјата.

Турското ГП оваа година стигнува порано од обичното, но можеби не доволно рано за Фелипе Маса, кој се обидува да си ја зацврсти позицијата во тимот на Ферари. Слично како во Шпанија не се работи за тоа кој тим ќе победи во Турција, туку кој возач на Ферари ќе го направи тоа.

Луис Хамилтон (Мекларен) и Роберт Кубица (БМВ) ќе се обидат да се спротивстават на "црвената навалица", но реално доколку нема механички проблеми, возачки грешки или излегувања на сигурносното возило, тогаш Раиконен и Маса се апсолутни фаворити. Маса е супер-самоуверен пред трката бидејќи има две победи во Турција и тука е посебно силен. Но, Маса нема да биде главната тема на разговор на Отодром во Турција.

Тоа сигурно ќе биде "распадот" на тимот на Супер Агури. Откако Хонда одби да ги плати сметките, а концептот на кориснички болиди не успеа, секој нов инвеститор во тимот ќе мораше да даде многу повеќе пари. Целиот концепт на кориснички болиди е едно од најголемите неуспеси во формула 1. Френк Вилијамс и Патрик Хед сметаат дека Торо Росо и Супер Агури не можат да бидат конструктори бидејќи не ги прават сопствените болиди и затоа не можат да земат дел од парите за ТВ правата. Тоа е легална битка која најголемиот поддржувач на овој концепт Макс Мозли сега не може да дозволи да ја води. Но, тоа исто значи дека 20 тима наскоро можат да станат 18.

Првото влијание на заминувањето на Супер Агури ќе се забележи во првите квалификации в сабота, кога два од тимовите од средината на Ф1 ќе испаднат по 20 минути. Пред оваа трка Форс Индија можеше да се надева дека барем еден болид ќе влезе во вторите квалификации, но таа линија сега е повисоко.

Ако има некоја патека на која е можно претекнување тогаш тоа е супер-модерната патека во Истанбул дизајнирана од Херман Тилке. Но, во 2006 не беше така кога Михаел Шумахер половина трка не успеа да го помине Фернандо Алонсо во побрз болид. Од Шпанското ГП, Рено и Алонсо може да се надева на нешто повеќе.

Луис Хамилтон исто така го имаше еден од своите најдобри моменти во кариерата откако од последното место скокна на второто во ГП2 шампионатот во 2006. Но, овој пат нема да му биде така лесно да ги претекнува возачите. Хамилтон, најверојатно, ќе се бори со Роберт Кубица, Хеики Ковалаинен со Ник Хајдфелд и останува да се види дали Фернандо Алонсо може да се вклучи во оваа битка.

Ќе биде тесно и во средината меѓу Ред Бул и Тојота, а Вилијамс и Хонда се во втората класа.

Хонда се надева дека на Рубенс Баричело ќе му обезбеди добар болид во трката во која ќе го сруши рекордот на Рикардо Патрезе од 256 ГП старта.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Кими Раиконен (Ферари) 29

2.Луис Хамилтон (Мекларен) 20

3.Роберт Кубица (БМВ) 19

4.Фелипе Маса (Ферари) 18

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 16

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 14

7.Јарно Трули (Тојота) 9

8.Марк Вебер (Ред Бул) 7

10.Фернандо Алонсо (Рено) 6

11.Казуки Накаџима (Вилијамс) 5

12.Џенсон Батон (Хонда) 3

13.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 47

2.БМВ Заубер 35

3.Мекларен Мерцедес 34

4.Вилијамс Ф1 Тојота 12

5.Тојота Панасоник 9

6.Ред Бул Рејсинг Рено 8

7.Рено Ф1 6

8.Хонда Ф1 3

9.Скудерија Торо Росо Ферари 2

-.Форс Индија Ферари 0


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
Денис вели дека нема ништо со скандалот на Мозли
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи