понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

ФОРМУЛА 1
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
ИАКО МНОГУМИНА ГО ОТПИШАА ПО СЛАБИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА

Пресреќниот Фелипе Маса стигна до хет-трик победи на Турското ГП од пол-позицијата откако уште еднаш доминираше со Ферари на Истанбул Парк. Бразилецот победи со предност од 3.7 секунди пред Британецот Луис Хамилтон во Мекларен, додека актуелниот шампион и колега на Маса, Кими Раиконен, беше трет.

"Ова е навистина фантастично! Но, искрено се работеше за многу тешка трка. Луис беше блиску во поголемиот дел од трката и малку бев загрижен, но знаев дека е полесен од мене. Кога тимот ми кажа дека тој оди на три застанувања во боксот, се чувствував подобро и знаев дека имам шанса. Не можев да го задржам кога ме помина, но знаев дека морам да останам смирен. Да се победи тука по третпат е неверојатно. Сега мислам дека можам да побарам турски пасош!", вели Бразилецот.

Хамилтон го имаше најдоброто претекнување во трката, кога го помина Маса во 24. круг, но на крајот стратегијата со три влегувања во боксот за разлика од двете влегувања на двете Ферарија успеа да му донесе само второ место.

"Пресреќен сум од второто место, откако бев трет на стартот и по с$ што се случуваше вчера. Знаев дека ќе биде тешко да се освојат поени, но задоволен сум. Балансот на болидот беше одличен на тврдите гуми, но меките не беа толку добри на крајот. Решивме да одиме на стратегија на три влегувања поради сигурност и да не се повтори минатата година кога имавме проблеми. Ова беше најсигурниот начин, но затоа беше тешко да се победи", вели Хамилтон.

Водството на Раиконен во генерален пласман беше намалено на 7 поени, а сега Маса и Хамилтон имаат 28 поени, но Маса е втор бидејќи има две победи во споредба со едната на Британецот. Ферари го зголемија водството во генерален пласман на 19 поени пред БМВ, додека Мекларен се уште два поени зад германските ривали, откако вториот возач на Мекларен, Хеики Ковалаинен откако мораше да влезе во боксот на стартот на трката поради дупната гума заврши само како 12.

Светскиот шампион Раиконен исто така беше задоволен со третото место по тешкиот викенд, кој почна со проблеми со менувачот во петокот, а продолжи и во саботата, кога Финецот успеа да стигне само до четвртото место на квалификациите. На стартот на трката Раиконен имаше контакт со Ковалаинен и ја заврши трката со оштетено предно крило.

"Немав добар старт, бев покрај Ковалаинен и се обидов да влезам од внатрешната страна. Тој сврте и се допревме и тука го скршив предното крило, а тој доби дупната гума. Но, тоа е тркањето. Тежок викенд, но барем имам поени", вели "Ајсмен".

Полјакот Роберт Кубица во БМВ заврши како четврти пред својот тимски колега, Германецот Ник Хајдфелд, резултат доволен за шефот на тимот Марио Тајзен.

"Ако се види дека стартувавме како петти и деветти, мораме да бидеме задоволни. Раиконен можеше да го помине Роберт при првото влегување како што очекувавме, но Ник заработи две места во тоа влегување", вели Тајзен.

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо успеа да стигне само до шестото место, иако на стартот беше и четврти. Поени освоија и Марк Вебер во Ред Бул и Нико Розберг за Вилијамс.

"Во моментов шестото место е најдоброто што го можевме. Трите тима пред нас се многу далеку, но сега треба да направиме уште еден чекор напред. Оваа година не се бориме за титулата, така што не е катастрофа ако не завршиме трка. Мислам дека треба повеќе да ризикуваме", вели Алонсо.

РЕЗУЛТАТИ (ТУРСКО ГП):

1.Фелипе Маса (Ферари) 1:26.49.451 10

2.Луис Хамилтон (Мекларен) +3.779 8

3.Кими Раиконен (Ферари) +4.271 6

4.Роберт Кубица (БМВ) +21.945 5

5.Ник Хајдфелд (БМВ) +38.741 4

6.Фернандо Алонсо (Рено) +53.724 3

7.Марк Вебер (Ред Бул) +1:04.229 2

8.Нико Розберг (Вилијамс) +1:11.406 1

9.Дејвид Култхард (Ред Бул) +1:15.270

10.Јарно Трули (Тојота) +1:16.334

11.Џенсон Батон (Хонда) +1 круг

12.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +1 круг

13.Тимо Глок (Тојота) +1 круг

14.Рубенс Баричело (Хонда) +1 круг

15.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1 круг

16.Адријан Зутил (Форс Индија) +1 круг

17.Себастијан Фетел (Торо Росо) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) +32 круга

19.Казуки Накаџима (Вилијамс) +57 круга

20.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +58 круга

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Кими Раиконен (Ферари) 35

2.Фелипе Маса (Ферари) 28

3.Луис Хамилтон (Мекларен) 28

4.Роберт Кубица (БМВ) 24

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 20

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 14

7.Марк Вебер (Ред Бул) 10

8.Фернандо Алонсо (Рено) 9

9.Јарно Трули (Тојота) 9

10.Нико Розберг (Вилијамс) 8

11.Казуки Накаџима (Вилијамс) 5

12.Џенсон Батон (Хонда) 3

13.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 63

2.БМВ Заубер 44

3.Мекларен Мерцедес 42

4.Вилијамс Ф1 Тојота 13

5.Ред Бул Рејсинг Рено 10

6.Рено Ф1 9

7.Тојота Панасоник 9

8.Хонда Ф1 3

9.Скудерија Торо Росо Ферари 2

-.Форс Индија Ферари 0

КРУГ ПО КРУГ НА ТУРСКОТО ГП

Асот на Ферари, Фелипе Маса победи на своето третоТурско ГП во неделата, за 3.7 секунди пред Луис Хамилтон во Мекларен, додека Кими Раиконен во Ферари беше трет со 4.2 секунди заостанување. Ферари сега имаат четири победи од петте трки во оваа сезона. На четвртото место беше Роберт Кубица (БМВ) пред колегата Ник Хајдфелд, Фернандо Алонсо (Рено), Марк Вебер (Ред Бул) и Нико Розберг (Вилијамс).

- Трета година по ред Маса стартуваше од пол-позицијата и ја задржа предноста, но Хамилтон скокна на второто место, Кубица на третото. Зад нив Џанкарло Физикела се удира во Казуки Накаџима, "скокајќи" преку Вилијамсот. Двајцата се откажуваат, сигурносното возило излегува на патека.

- На крајот на 2. круг сигурносното возило се повлекува и трката продолжува, но Ковалаинен влегува во бокс, најверојатно со дупната гума, а Раиконен го поминува Алонсо за четвртото место.

- Во 3. круг, Маса води пред Хамилтон, Кубица, Раиконен, Алонсо, Вебер, Хајдфелд, Розберг, Кутлхард и Трули. Ковалаинен е 18., откако стартуваше од второто место.

- Во 12. круг, Ковалаинен го поминува Зутил за 17. место.

- Во 15. круг, Алонсо прв влегува во боксот, Хамилтон влегува следниот круг од второ место.

- Во 17. круг, Ковалаинен го поминува Фетел за 16. место

- Во 18. круг, Вебер влегува во бокс од четвртото место излегува зад Алонсо, додека Маса и Кубица влегуваат следниот круг препуштајќи му го водството на Раиконен. Трули влегува во 20., Раиконен и Хајдфелд во 22. круг.

- Во 22. круг, Маса води пред Хамилтон за помалку од една секунда, а Раиконен заостанува 8 секунди.

- Во 24. круг, Хамилтон го поминува Маса за водството.

- Во 25. круг, Ковалаинен го поминува Пике, кој запре за да го избегне Бурде.

- До 30. круг, Хамилтон води со 6.3 секунди пред Маса, уште десет секунди зад нив е Раиконен, по што следуваат Кубица, Хајдфелд, Алонсо, Вебер, Батон, Глок и Розберг.

- Во 32. круг, Хамилтон по вторпат влегува во боксот со 8 секунди предност.

- Во 39. круг, Маса води пред Раиконен за 9.7 секунди, Хамилтон заостанува уште две секунди.

- Во 40. круг, Маса и Кубица влегуваат во бокс, Алонсо влегува следниот круг, Хајдфелд во 42. круг, а Раиконенво 43. круг, препуштајќи му го водството на Хамилтон.

- Во 44. круг Хамилтон влегува по третпат во бокс, излегува пред Раиконен на второто место.

- Во 48. круг, Ковалаинен го поминува Култхард за 9. место, а потоа и Розберг за 8. место, но во 51. круг влегува во бокс и паѓа на 13. место.

- Во последните кругови Раиконен се обидува да го помине Хамилтон, разликата е помалку од една секунда.


Наjновo од Спорт
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
Супер Агури без пристап до Истанбул?
Трите тима се изедначени
"Ферари знаат дека треба да се плашат од Мекларен"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи