вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

И ПОКРАЈ ТОА ШТО МЕКЛАРЕН ГО ЗАГУБИЈА ТУРСКОТО ГП
Хеики можеше да победи

Генералниот директор на Мекларен, Мартин Витмарш, верува дека Хеики Ковалаинен можеше да стигне до својата прва победа во формула 1 на Турското ГП во неделата. Финецот се врати во болидот по тешкиот судар на Шпанското ГП, а беше втор на квалификациите првпат во кариерата и побрз од својот колега Луис Хамилтон и покрај тоа што имаше потежок болид.

Но, трката на Финецот беше уништена на почетокот на трката кога направи контакт со Кими Раиконен во Ферари на првата кривина, по што имаше проблеми со гумите (дупка), и веднаш мораше да се врати во боксот за да заглави на последното место и на крајот да заврши како 12. Без овој судар Витмарш вели дека Ковалаинен ќе го победел Фелипе Маса.

"Хеики да не го направеше тој влез во боксот, ќе останеше подолго од Маса во првото влегување во боксот и ќе беше блиску до Маса и ќе победеше. Лесно е тоа да се кажува сега, но Хеики заврши фантастична работа со квалификациите и имаше доволно гориво во болидот. Никогаш не сум го видел толку разочаран. И тој знаеше дека може да оди на победа, но тоа му избега. Тој е едно неверојатно момче", вели Витмарш.

И самиот Финец беше многу разочаран од резултатот на трката и покрај тоа што вели дека ова му бил најконкурентниот викенд во кариерата.

"Бев на слична стратегија како Фелипе и верувам дека можев да победам. Квалификациите беа одлични, и бев во добра позиција. Но, се надевам дека ќе можам да продолжам така", вели Ковалаинен, кој има 14 поени од првите пет ГП трки во оваа сезона и е шести во генерален пласман со 21 поен заостанување зад Кими Раиконен.


Наjновo од Спорт
Кливленд изедначи против Бостон
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
Мајкл Овен во Манчестер Јунајтед?
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
Хамилтон задоволен од себеси
Хеики можеше да победи
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Само Ферари за победа во Турција?
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи