вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Хамилтон задоволен од себеси

Луис Хамилтон, пак, Турското ГП го опиша како негова најдобра трка во формула 1 и покрај тоа што беше само втор по чудната стратегија на три влегувања во боксот поради загриженост за безбедноста на гумите.

"Ова е можеби најдобрата трка за мене досега", оценува 23-годишниот Британец, кој има 5 победи во 22 трки во кариерата.

Хамилтон мораше да влезе и по третпат во боксот откако Бриџстоун изразија загриженост околу неговата предна десна гума.

"Понекогаш не е важно дали ќе победиш или не, туку дали ќе дадеш 100% од своите можности и дали ќе извлечеш најмногу од болидот. Ова е една од тие трки во кои треба да се прашаш дали можеше да завршиме подобра работа и мислам дека одговорот е не. Влегувањата во боксот беа речиси совршени и мислам дека станувам посилен и посилен во текот на сезоната. Проценките велеа дека ќе завршам на петтото место, така што не можам да бидам незадоволен", вели Хамилтон.

Шефот на тимот, Рон Денис, призна дека Хамилтон морал да оди на три влегувања поради предупредувањата од Бриџстоун, кои велат дека стилот на Британецот поставува премногу притисок на гумата во осмата кривина. Хамилтон на истата кривина лани остана без гума, проблем кој го чинеше најмалку третото место.

"Нема ништо полошо отколку да ти откаже гума при 350 км/ч", вели Хамилтон.


Наjновo од Спорт
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
Мајкл Овен во Манчестер Јунајтед?
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
Хамилтон задоволен од себеси
Хеики можеше да победи
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Само Ферари за победа во Турција?
Мекларен ја откри причината за сударот
Ковалаинен ќе се трка во Истанбул
"Не сум супермен!", Кими не мисли на титулата
Баричело: „Зошто си заминав од Ферари“
Супер Агури веќе не е дел од формула 1!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи