
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
МОНАКО Алонсо не верува во изненадување
Фернандо Алонсо вели дека не верува во големо изненадување на Монако ГП следниот викенд, признавајќи дека победата ќе отиде кај еден од двата најдобри тимови. Досега оваа сезона само Мекларен и Ферари имаат победи, додека БМВ често беше на подиумот. Но, бидејќи Монако е сосема поинаква патека од сите други на календарот, некои сметаа дека Рено и Алонсо може да се бори за победа.
"Тоа сите го мислат пред трката во Монако, и сите мислиме дека Монако ќе промени многу работи, но на крајот секогаш победуваат најдобрите како Мекларен и Ферари или Рено во 2006. Болидите кои победуваат цела сезона стигнуваат во Монако како фаворити и нема толку многу изненадувања", вели Алонсо.
За шансите на Рено во кнежевството, Алонсо признава дека повеќе зависи од перформансите на ривалите отколку на подобрувањата на Рено.
"Во Барселона можеби бевме малку поблиску до водечките тимови и можевме да се бориме за едно од првите шест места. Но, во Турција бевме во дефанзива и тоа од тимот на Ред Бул и малку подалеку од врвот. Така ќе остане уште неколку трки. Да се надеваме дека ќе можеме да направиме чекор напред, но ако Вилијамс, Тојота или Ред Бул се подобрат, тогаш ќе не стигнат", вели Алонсо.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|