
|
 |
Спорт / Формула 1
Хамилтон сака "еднаквоста" да остане во Мекларен
Мекларен не смеат да ја прекршат политиката на еднакви возачи во 2008, вели Луис Хамилтон. И покрај неговата предност од 14 поени пред новиот тимски колега Хеики Ковалаинен и засега големата разлика од доминантните Ферари, Хамилтон останува посветен на избегнувањето на политиката на возач број 1 во тимот од Вокинг.
Многумина сметаат дека Мекларен не успеа да го совлада Ферари за двете титули минатата година токму поради тоа што не сакаше да го фаворизира Хамилтон или неговиот тогашен колега Фернандо Алонсо. Минатата сезона во тимот покрај шпионскиот скандал го одбележа барањето на двократниот шампион Алонсо да биде возач број 1. Прашан дали статусот треба да биде во однос на позицијата во Монако, каде што минатата година од Мекларен му беше "советувано" да остане зад Алонсо за да избегне судар, Хамилтон е јасен.
"Не, не смее да биде така. Ние сме тим и ако сакаме да продолжиме така, мора да остане фер. Затоа мислам дека мораме да бидеме еднакви со Хеики. Монако е трка на која мораш да сакаш да победиш и лично за мене најважната трка на календарот. Ферари се брзи на спорите кривини, така што оваа година ќе биде потесно од лани", вели Британецот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|