петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Рено сакаат Пике да направи нешто повеќе

По пет формула 1 трки без поен и без пласман во топ 10, бразилскиот дебитант Нелсон Пике сакаше да звучи оптимист за своите шанси во иднината.

"На некои возачи им е потребно повеќе време да научат, некои знаат сe од почетокот. Сe зависи од ситуацијата и од тоа колку се чувствуваш удобно во тимот и со болидот. Се надевам дека со секоја следна трка ќе се подобрам и ќе бидам подобар. Од тимот имам голема поддршка, тие се обидуваат да ми помогнат со сe и немам на што да се жалам. Секако дека сакам да освојувам поени, но ќе треба да почекам за тоа", вели 22-годишниот возач на Рено по само 15. место на Турското ГП.

Споредбите го следат Пике од денот кога дојде во формула 1 како колега на двократниот светски шампион Фернандо Алонсо. Најочигледната споредба секако е со неговиот татко и поранешен трикратен светски шампион Нелсон Пике, кој се пензионираше во 1991 со 23 победи зад себе.

Тука беше и Луис Хамилтон, Британецот кој го победи Пике Јуниор за ГП2 титулата во 2006 и кој имаше исто 22 години кога имаше сензационално деби со Мекларен минатата година, покрај Алонсо. Хеики Ковалаинен, кој имаше тешка деби сезона во Рено во 2007 пред да ги замени местата со Алонсо во Мекларен исто така беше репер за Бразилецот.

Хамилтон ја почна деби сезоната со 9 едноподруго пласмани на подиумот, со победи во шестата и седмата трка, додека Пике досега има завршено само две трки. Болидот на Рено е далеку од тој на Мекларен во 2007 и 2008, но Алонсо покажа каква разлика може да направи возач со искуство кога стигна до четвртото место во Австралија, стартуваше од првиот ред во Шпанија и беше шести во Турција.

Формула 1 е шампионат каде што секој возач кој се мачи со формата веднаш е цел на шпекулации за заминување, но шефот на Рено, Флавио Бриаторе, засега останува зад Бразилецот.

"Нелсињо има талент, тоа е сигурно. Тој е дел од тимот и мораме да го поддржиме и не се сомневам дека тоа ќе се исплати", вели Италијанецот.

Ова е сосема различно од позицијата во која лани беше Ковалаинен, кој доби остри критики од Бриаторе по своето деби во Австралија.

"Мислам дека е поинаку кога ќе стартуваш сезона со добар болид. Хеики имаше тежок старт на минатата сезона, но заврши многу добро. Не е лесно кога се бориш во средината. Секогаш кога влегувам во болидот имам неколку работи кои треба да ги научам. Да, тоа не е оправдување, бидејќи Луис беше фантастичен од почетокот", вели Пике.

Спортскиот директор на Рено, Стив Нилсен, се согласува со критиките дека бразилското момче мора да почне да покажува дел од својот талент.

"Тој мора да има повеќе добри отколку лоши потези и мора да го направи тоа што е можно побргу. Формула 1 е бизнис, и тоа многу суров бизнис, и ако луѓето не го носат тоа што го ветуваат, си одат на друга страна", вели Нилсен.

РЕЗУЛТАТИ (ПОЛ РИКАР, 1.ДЕН):

време кругови

1.Л.Хамилтон (Мекларен) 1:05.600 84

2.К.Раиконен (Ферари) 1:06.098 103

3.Р.Кубица (БМВ) 1:06.177 124

4.М.Вебер (Ред Бул) 1:06.348 93

5.С.Фетел (Торо Росо) 1:06.372 91

6.Н.Розберг (Вилијамс) 1:06.571 154

7.А.Вурц (Хонда) 1:06.681 131

8.Т.Глок (Тојота) 1:06.936 93

9.В.Лиуци (Форс Индија) 1:07.346 106

10.Л.Ди Граси (Рено) 1:07.430 146


Наjновo од Спорт
Рено сакаат Пике да направи нешто повеќе
Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година
Лејкерс и Селтикс стигнаа до третата победа
Политичари во копачки!
Платини: Потребна е Балканска лига!!!
Мора да има засилувања
Струмица "преживеа", наградата е финале број 2
Ф1 сака ограничен буџет
Алонсо не верува во изненадување
Хамилтон сака "еднаквоста" да остане во Мекларен
Тимовите го избегнуваат Мозли
Хамилтон задоволен од себеси
Хеики можеше да победи
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Само Ферари за победа во Турција?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи