
|
 |
Спорт / Формула 1
Хамилтон со дијаманти, Мозли не е пожелен ниту во Монако
Една недела откако учествуваше во претставата за Троја, Луис Хамилтон ја претстави кацигата со дијаманти и изјави дека е "Кралот на дијамантите" во формула 1.
"Блинг, блинг, навистина сакам дијаманти. Тие се одлична работа. Секогаш се тркам, но добро е што понекогаш добивам бонуси како овој", вели 23-годишниот Хамилтон откако со неговиот тим Мекларен ги презентираа кацигите кои ќе ги носат со колегата Хеики Ковалаинен во Монако.
Оваа презентација беше секако позабавна за Хамилтон од таа во Турција, каде што во своето тркачко одело мораше да се спушта од небото во улогата на античкиот бог Аполон. Кацигите се креација на дијамантската компанија и спонзор на тимот Стајнмец и на нив го има потписот на возачите со стотици драгоцени камења.
Двајцата возачи ќе добијат дијамантски прстени, во случајот на Хамилтон втора година по ред, откако лани доби 10.000$ вреден прстен за дебито во Монако. Британецот беше втор на таа трка зад својот тогашен колега, Фернандо Алонсо, двократниот светски шампион кој оттогаш се врати во Рено, во трка во која се позна нивното големо ривалство.
Хамилтон ја доби кацигата во Мекларен Технолошкиот Центар во Вокинг, додека Ковалаинен ќе ја добие кацигата во среда во Монте Карло.
"Секогаш сум возбуден за Монако ГП трката, бидејќи таму сите сакаат да победат. Да бидам во можност да се тркам на оваа престижна трка со Стајнмец дијаманти на кацигата е нешто посебно", вели Ковалаинен.
КНЕЗОВИТЕ ОД МОНАКО НЕ ГО САКААТ МАКС МОЗЛИ
Шансите на Макс Мозли да го заддржи местото претседател на ФИА станаа помали откако кнежевското семејство од Монако наводно му порачало дека не е добредојден на неделната ГП трка. Мозли прво не го повикаа на Бахреин ГП трката во април по наци-секс скандалот кој го откри британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд и од тој скандал нема присуствувано ниту за една трка од Ф1 календарот.
68-годишниот Британец изјави дека ќе присуствува на трката во Монте Карло, која се смета за најелитната на Ф1 календрот, бидејќи има дом во малото кнежевство, а се очекуваше Принцот Алберт ќе застане во негова одбрана. Но, според Дејли Меил се случило обратното.
Мозли ќе биде во Монако, но семејството Грималди јасно му ставило на знаење дека не е добредојден и дека "дури не сакаат да се ракуваат со него". ФИА затоа во улога на "официјален претставник" на федерацијата го праќа заменикот потпретседател, Италијанецот Марко Пичинини, кој ќе го заменува Мозли дури и на Монако гала вечерата.
Предходно се објави дека некои формула 1 тимови ќе се обидат да го избегнат Мозли во Монако, и дека дури вработиле набљудувачи кои ќе го следат движењето на Британецот. Ова е ново фијаско и доаѓа пред состанокот на ФИА во Париз на 3 јуни кога ќе се одлучува за неговата иднина.
"Тој е император без алишта. Ако не може да ја извршува неговата улога на претседател на ФИА во Монако, тогаш не може да го прави тоа никаде", вели еден анонимен шеф на тим.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|