
|
 |
Спорт / Формула 1
В НЕДЕЛА (14.00) ВО МОНТЕ КАРЛО Е НАЈГЛАМУРОЗНАТА ФОРМУЛА 1 ТРКА Дождот може да донесе коцкање во Монако
Дождот во Монако овој викенд може да ја претвори неделната гламурозна формула 1 трка во вистинска игра на среќа каква што може да се најдат во казиното во малото кнежевство. Со забраната на "контролата на триењето" и останатите електронски помагала возачите мораат да бидат екстремно прецизни возејќи ги болидите на тесната патека чии кривини се означени со метални бариери, така што има многу добри шанси за лудило на дождот.
"Без контрола на триењето ќе биде како на лотарија", вели асот на Ферари, Фелип Маса, победникот на две од последните три трки, но не многу голем фан на најпознатата трка на формула 1 календарот.
Иако во Монако во петокот имаше многу сонце и ниту трага од облаците, прогнозите велат дека има многу големи шанси за дожд в сабога и в недела. Возачот на Хонда, Џенсон Батон додава дека условите ќе бидат тешки бидејќи и ознаките на патот ќе бидат дополнителна опасност на дожд.

"Ако возиш на нормална патека и го заглавиш предното тркало на влажно, можеш да одиш малку пошироко, но кога нема надвор како тука, одиш директно во ѕид. И на влажно одиш на различни линии. Сопираш подлабоко во кривини и одиш однадвор. Тука само милиметри те делат од ѕидот. Ќе биде многу лудо ако има дожд", вели Батон.
Луис Хамилтон од Мекларен, кој беше втор во своето деби во Монако минатата година, беше најбрз на традиционалниот тренинг во четврток и сега е фаворит да го повтори успехот на својот херој од детството Аиртон Сена со победа на оваа патека. 23-годишниот Хамилтон ќе има конкуренција во својот фински колега Хеики Ковалаинен, но вели дека е подготвен за било што ќе му донесе трката.
"Ако врне, ќе биде многу тешко на патеката, посебно без контрола на триењето и помагалата кои ги имавме лани, но и тоа е дел од спортот. Мислам дека в сабота ќе бидеме силни на квалификациите, но ќе биде доста тесно. Останатите, посебно Ферари се многу блиску, но имаме совршен болид за Монако", вели Британецот.
Ферари имаат четири победи по ред, но во Монако немаат триумф од 2001 година. Нивен главен адут е светскиот шампион Кими Раиконен, кој е седум поени пред Маса и Хамилтон во генерален пласман, и човек кој има победа во Монако со Мекларен во 2005 и беше најбрз на првиот тренинг во четвртокот.

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во Рено, пак, може да стане првиот возач по Аиртон Сена (непоразен од 1989 до 1993) со три победи по ред во Монако, но тоа би било вистинско изненадување поради формата на Рено. Францускиот тим нема победа на трка од 2006, а најдобриот резултат на Алонсо во 2008 е четвртото место во Австралија.
БМВ Заубер имаат свој фаворит во Роберт Кубица, додека Германецот Нико Розберг во својот Вилијамс ќе се чувствува како дома низ улиците на Монако. Но, постарите секако се сеќаваат на неверојатната победа на Оливие Пани во Лижие во 1996 година, што само докажува дека Монако секогаш носи изненадувања.
Талентите на човекот зад воланот на најспората Ф1 патека се многу поважни од брзината на болидот. А, со дождот, навистина се може да се случи.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Кими Раиконен (Ферари) 35
2.Фелипе Маса (Ферари) 28
3.Луис Хамилтон (Мекларен) 28
4.Роберт Кубица (БМВ) 24
5.Ник Хајдфелд (БМВ) 20
6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 14
7.Марк Вебер (Ред Бул) 10
8.Фернандо Алонсо (Рено) 9
9.Јарно Трули (Тојота) 9
10.Нико Розберг (Вилијамс) 8
11.Казуки Накаџима (Вилијамс) 5
12.Џенсон Батон (Хонда) 3
13.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Скудерија Ферари 63
2.БМВ Заубер 44
3.Мекларен Мерцедес 42
4.Вилијамс Тојота 13
5.Ред Бул Рејсинг Рено 10
6.Рено Ф1 9
7.Тојота Панасоник 9
8.Хонда Ф1 3
9.Скудерија Торо Росо Ферари 2
-.Форс Индија Ферари 0
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|