
|
 |
Спорт / Формула 1
"Хамилтон не е фаворит за титулата"
Поранешниот тимски колега на Луис Хамилтон од Мекларен, Фернандо Алонсо како што може да се очекува не е еден од тие кои веруваат дека Британецот е во добра позиција да ја освои титулата во 2008. Шпанецот, кој минатата година "спектакуларно" влезе во конфликт со 23-годишниот Британец по што си замина од британскиот тим, во интервју од својот дом во Швајцарија вели дека добрата трка на Хамилтон во Монако и преземањето на водството во генерален пласман не значи дека тој е фаворит.
"Прерано е да се каже како ќе заврши шампионатот. Видовме како се менува водството неколку пати, но дури и Кубица, кој е на четвртото место е многу блиски. Сепак, фаворити се двата возачи на Ферари и тоа со големи шанси. Дали верувам дека Хамилтон може да освои титула? Не", вели 26-годишниот Алонсо.
Фелипе Маса, кој како и неговиот колега Кими Раиконен и Хамилтон има две победи оваа сезона, не сака да ги отпише шансите на асот на БМВ Заубер, Роберт Кубица.
"Зошто да не? Мислам дека три или четири возачи имаат шанси за титулата, а мојот поранешен тим Заубер завршува одлична работа", вели Маса.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|