
|
 |
Спорт / Формула 1
ПО 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО, ЕКЛСТОУН ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИА Мозли мора да замине, вели Берни
Ф1 шефот Берни Еклстоун смета дека претседателот на ФИА, Макс Мозли, мора да си замине од неговата позиција. Еклстоун претходно стоеше зад својот пријател со кого се познава 40 години откако британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд објави за наци-секс оргиите на Мозли.
"Тој треба да си оди поради одговорноста на институцијата која ја претставува. Сите со кои зборував кои имаат некаква позиција на авторитет во Ф1 го мислат истото. Штета што сe уште не ја направи таа одлука", вели Еклстоун.
68-годишниот Мозли се надева дека ќе остане на позицијата на состанокот на клубовите членови на ФИА во Париз во вторник, и дека ќе го заврши мандатот во октомври 2009. Но, Еклстоун вели дека Мозли не може да го претставува моторспортот како што треба и повеќе би сакал Мозли сам да замине отколку да биде избркан.
"Чувството кај луѓето е такво што никој нема да му биде пријатно да зборува со него. Зборував со Макс за ова и го советував да замине на крајот на годината на генералното собрание на ФИА во ноември. Последното нешто што сите го сакаме е некој да го натера Макс да си оди. Пријател сум со него 40 години и не би сакал да си замине така по сe што направи за спортот. Откако се појави таа вест јас сум под огромен притисок од луѓето кои сакаат да инвестираат во формула 1, спонзорите и производителите на автомобили. Тие велат дека ако се работеше за шеф на голема компанија тој ќе си заминел за 24 часа и не сфаќаат зошто Макс не го направил истото", додава Еклстоун.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|