
|
 |
Спорт / Формула 1
Макс Мозли остана на чело на ФИА
Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) Макс Мозли ќе остане и натаму на раководната функција во наредниот период, одлучено е денеска со мнозинство гласови на седницата на Извршниот одбор на ФИА во Париз.
Мозли е на чело на ФИА цели 17 години, а по денешното гласање тој по се изгледа на таа функција ќе остане до крајот на мандатот, односно до октомври следната година.
Претседателот на ФИА, кој неодамна е обвинет за секс скандал, доби доверба од 103 од вкупно 169 присутни делегати, додека против неговото останување на функцијата се изјаснија 55 членови на Извршниот одбор.
Британските таблоиди објавија пред неколку месеци на насловните страници фотографии на кои Мозли е во компромитирачки пози со една девојка, облечена во одело со нацистичките обележја.
По објавувањето на тие фотографии во јавноста е покрената кампања за менување на Мозли од функцијата претседател на ФИА, но Федерацијата одлучи дека тоа не е доволна причина за негова смена.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|