
|
 |
Спорт / Формула 1
Кими и Скудерија одбиваат да паничат
Пред трката во Монако, сите тимови имаа еден тестирање на патеката Пол Рикар како подготовка за Канадското ГП, но поголемиот дел од денот врнеше и останува неизвесно кој најдобро се подготвил за првата патека во овогодишниот календар на која со вози со мала надолна сила. Досега оваа година, Ферари се конкурентни на скоро сите типови на патеки и тимот има доволно успеси на патеката Жил Вилнев, иако немаат победа во последните три години. Ферари има 11 победи во Канада, но Кими Раиконен победи со Мекларен во 2005.
Шампионот Раиконен инсистира дека веќе ја заборавил разочарувачката трка во Монако и дека нема да паничи во Канада. Финецот беше втор на стартот во Монте Карло, но заврши само како девети откако удри во задниот дел на болидот на Адријан Зутил од Форс Индија на крајот на трката. Со неуспехот да освои поени, Раиконен го загуби првото место во генерален пласман од Луис Хамилтон во Мекларен.
"Монако е зад нас, тоа беше голем удар за нашите шанси за титулата, но сега не можеме да направиме ништо за тоа. Тоа беше прва трка од шампионатот во која не освоив поени и не смееме да имаме таква трка до крајот бидејќи трката за титулата е многу остра. Уште на почетокот на сезоната кажав дека титулата ќе се одлучува во последните трки. По една третина од сезоната имаме 35 поени и сме на второто место и тоа го очекував. Ништо не е освоено, но ништо не е загубено. Нема потреба за паника по Монако, бидејќи во споредба со лани ситуацијата е подобра", вели Раиконен.
Трката во Монтреал секогаш била една од најпопуларните, посебно за тимот на Ферари, кои секогаш мораат да сметаат на поддршката на големата италијанска заедница во Монтреал, а оваа година ќе има барем една победа на Ферари, бидејќи Ф430 болидот ќе се натпреварува во Северноамериканскиот Ферари Предизвик, во текот на викендот.
Патеката во Монтреал е една од најчудните, бидејќи ги дава предизвиците за брза улична трка, но без многу простор за грешки на патеката на остров. Логистички оваа година има уште поголем предизвик бидејќи по трката веднаш се се пакува и се враќа во Европа за Француското ГП, кое сега е следна трка, наместо да се оди на традиционалната трка во Индијанаполис.
Ф2008 болидот ќе биде скоро ист како тој што се користеше на улиците на Монако, со мала промена поради ниското ниво на надолната сила. Ова е втора трка за моторите и менувачите на тимот, но тоа не треба да биде проблем поради малкуте поминати километри на дождот во Монако. На Фелипе Маса предизвикот му одговара.
"Ми се допаѓа Жил Вилнев патеката и на почетокот на кариерата имав добри резултати таму, како четвртото место со Заубер во 2005. Лани немавме добра трка, го имав тој инцидент со светлото на крајот на боксот и не беше убаво бидејќи добив црно знаме. Сите тимови се во иста позиција со едниот ден тестирање на Пол-Рикар. Ми се допаѓа атмосферата во Канада и сакам да се забавувам, посебно со многуте фанови на Ферари", вели маса.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|