
|
 |
Спорт / Формула 1
ФИА сака да ги забрани "мост-крилата"
ФИА реши повторно да реагира за подвижните аеродинамички уреди откако реши да ги примора тимовите нивните "мост-крила" да бидат постабилни од Канадското ГП овој викенд. На тимовите им е порачано дека ако "мост-крилата" не се прицврстени на носот на болидот, тогаш мора да има дополнителна прачка со која ќе се осигура крилото да не се витка.
Шест тима ги имаат "мост-крилата": Мекларен, Тојота, Рено, Вилијамс, Ред Бул Рејсинг и Торо Росо. Дизајнот на Рено веќе имаше централна прачка, додека другите тимови мораат да го направат истото веќе од Монтреал.
Овој потег наводно доаѓа откако по Турското ГП, каде што видео-камерите покажаа дека некои крила се движат под висока брзина. ФИА долго време се бори против подвижните аеродинамички делови и предходно реагираше пред Канадското ГП, каде што таквите уреди можат да донесат многу предност.
Во 2006, ФИА побара од тимовите да воведат сепаратори на задните крила за да се заврши контроверзата околу флексибилните крила. По ова Хонда ги обвини ривалите од БМВ Заубер за дизајнот на крилата.
Мекларен ги воведе "мост-крилата" во формула 1 минатата година и и покрај сомнежите на ривалите дека се работи за подвижен аеродинамички дел, техничкиот оддел на ФИА го дозволи делот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|