
|
 |
Спорт / Формула 1
Кубица се уште размислува за "најдобрата опција"
Роберт Кубица не сака да шпекулира како ќе се одвива неговата несомнено светла индина во формула 1. 23-годишниот Полјак е најимпресивниот возач во "класата 2008" досега, стигнувајќи со својот БМВ Заубер на само шест поени од лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон.
Метеорскиот старт на сезоната на Кубица веднаш предизвика шпекулации за неговата иднина бидејќи шпекулациите велат дека освен опцијата на БМВ да го задржат во 2009 година, многу заинтересирани се Рено и Ферари. Неговиот сегашен шеф Марио Тајзен изјави дека возачкиот состав на БМВ Заубер за 2009 ќе биде објавен во текот на летото, но Кубица не открива ништо.
"Би сакал да ја имам најдобрата можна опција за мене, а ќе видиме каде и како ќе биде тоа. Засега се концентрирам на оваа сезона и на мојата работа. Потоа ќе видиме", вели Кубица за Асошиејтед Прес.
ТАЈЗЕН: "КУБИЦА НЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА"
Но, и покрај разликата од само шест поени од Хамилтон, шефот на БМВ, Тајзен, вели дека Кубица не е сериозен кандидат за титулата и дека тимот останува на поставената цел за 2008 - да се победи на една трка.
"Би било нереално да се очекува Роберт да оди на титулата. Имаме амбициозна програма - сакаме прва победа оваа година, а од 2009 да се бориме за круната. Откако го преземавме Заубер ги остваривме сите цели и затоа одиме чекор по чекор", вели Тајзен.
КАНАДА Е ОМИЛЕНА ТРКА НА КУБИЦА И ПОКРАЈ СУДАРОТ
И покрај страшниот судар во текот на минатогодишното Канадско ГП, по кој многумина се плашеа за животот на Полјакот, Кубица вели дека патеката Жил Вилнев останува една од неговите омилени трки.
"Едвај ја чекам трката во Монтреал бидејќи тоа е посебна трка во многу убав град. Ја сакам патеката бидејќи има многу застанување и забрзување. Имав голема несреќа таму во 2007, но Монтреал е една од моите омилени трки", вели Кубица.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|