
|
 |
Спорт / Формула 1
Кубица го искористи "моментот на лудост" на Хамилтон
Пред точно 12 месеци, Роберт Кубица имаше среќа што остана жив на Канадското ГП, по хорор-сударот, но сега Полјакот може да се пофали со својата прва формула 1 победа во кариерата и со превземање на водството во генерален пласман.
За тоа може да му се заблагодари прво на својот добар пријател, Луис Хамилтон во Мекларен, кој направи неверојатна грешка во боксот и се исфрли себеси и светскиот шампион Кими Раиконен во Ферари од трката. Хамилтон, кој лани ја оствари својата прва победа во кареирата во Монтреал, стартуваше од пол-позицијата, но се удри во задниот дел на Раиконен кога двајцата излегуваа од боксот, исфрлувајќи ги од трката.
Денот беше совршен за БМВ Заубер тимот, откако Кубица им ја донесе првата победа во 42 трки како конструктор, но и поради второто место на Ник Хајдфелд за 1-2 победа. Подиумот го пополни и ветеранот Дејвид Култхард во Ред Бул искористувајќи ја хаотичната и чудна трка.
Кога Кубица пристигна на целната линија со 16.4 секунди пред колегата на радиото му порачаа: "Тоа е историска победа, Роберт. Водиш во генерален пласман", а неговиот едноставен одговор беше "Благодарам". Полјакот е едно од најсвежите изненадувања во формула 1 оваа сезона, и поради својот сигурен стил доби многу фанови.
"Никогаш не сум се мачел толку во мојот живот, одев до максимум. Навистина одлична трка. Секогаш е хаотично кога има сигурносно возило. Заглавив зад спорите болиди, но некако успеав да го надополнам тоа. Последните кругови беа многу, многу тешки. Сите влеговме заедно во боксот и црвеното светло беше запалено, а Кими веднаш до мене. Одеднаш слушнав голем удар, а јас можев само да се концентрирам на зеленото светло. Одлично е да се освои првата победа за БМВ Заубер, тим во кој уживам", вели 21-годишниот Полјак.
 Но, сепак, најголемото благодарам треба да му го каже на Хамилтон.
Лидерот во генерален пласман изгледаше дека е блиску до лесна победа на патеката Жил Вилнев, се додека не излезе сигурносното возило во 19. круг. Адријан Зутил се откажа со својот Форс Индија и остана на тревата покрај патеката, а бидејќи не можеше да биде остранет излезе сигурносното возило во момент во кој Хамилтон имаше повеќе од 5 секунди предност пред Кубица на второто и Раиконен на третото место.
Кога беше пуштен сигнал дека може да се влегува во боксот, лидерите го направија тоа, а при излегувањето во боксот Кубица и Раиконен беа побрзи и застанаа на излезот бидејќи беше запалено црвеното светло. Хамилтон доцна го забележа и се удри во болидот на Раиконен, а зад него удри и Нико Розберг во Вилијамс.
Хамилтон и Раиконен излегоа од болидите, а финскиот светски шампион го потапка Хамилтон на кацигата и му покажа кон црвеното светло. Британецот беше очигледно лут и турна неколку камери во гаражата на Мекларен, но потоа на некој начин му се извини на Раиконен.
"Одеднаш тие застанаа. Не се работи за тркачки инцидент, туку за бизарен инцидент. Поинаку е кога ќе се удриш во ѕид. Му се извинив на Кими, но вакви работи се случуваат", вели Хамилтон.
РЕЗУЛТАТИ (КАНАДСКО ГП):
1.Роберт Кубица (БМВ) 1:36:24.447 10
2.Ник Хајдфелд (БМВ) +16.495 8
3.Дејвид Култхард (Ред Бул) +23.352 6
4.Тимо Глок (Тојота) +42.627 5
5.Фелипе Маса (Ферари) +43.934 4
6.Јарно Трули (Тојота) +47.775 3
7.Рубенс Баричело (Хонда) +53.597 2
8.Себастијан Фетел (Торо Росо) +54.120 1
9.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +54.443
10.Нико Розберг (Вилијамс) +57.749
11.Џенсон Батон (Хонда) +1:17.540
12.Марк Вебер (Ред Бул) +1:21.229
13.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1 круг
НЕ ЗАВРШИЈА
14.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +17 кругови
15.Казуки Накаџима (Вилијамс) +23 круга
16.Фернандо Алонсо (Рено) +25 круга
17.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +29 круга
18.Кими Раиконен (Ферари) +50 круга
19.Луис Хамилтон (Мекларен) +50 круга
20.Адријан Зутил (Форс Индија) +56 круга
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Роберт Кубица (БМВ) 42
2.Фелипе Маса (Ферари) 38
3.Луис Хамилтон (Мекларен) 38
4.Кими Раиконен (Ферари) 35
5.Ник Хајдфелд (БМВ) 28
6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 15
7.Марк Вебер (Ред Бул) 15
8.Јарно Трули (Тојота) 12
9.Фернандо Алонсо (Рено) 9
10.Нико Розберг (Вилијамс) 8
11.Казуки Накаџима (Вилијамс) 7
12.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6
13.Тимо Глок (Тојота) 5
14.Себастијан Фетел (Торо Росо) 5
15.Рубенс Баричело (Хонда) 5
16.Џенсон Батон (Хонда) 3
17.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Скудерија Ферари 73
2.БМВ Заубер 70
3.Мекларен Мерцедес 53
4.Ред Бул Рејсинг Рено 21
5.Тојота Панасоник 17
6.Вилијамс Тојота 15
7.Рено Ф1 9
8.Хонда Ф1 8
9.Скудерија Торо Росо Ферари 7
-.Форс Индија Ферари 0
КРУГ ПО КРУГ НА КАНАДСКОТО ГП
Пред стартот на трката имаше стравувања за состојбата на асфалтот и дали тој ќе продолжи да се распаѓа на трката. На стартот, Хамилтон водеше од пол-позиција, Кубица беше втор, по што следуваа Раиконен, Розберг, Алонсо, Маса и Баричело.
- Во 1.круг, Ковалаинен го помина Баричело за 7.место.
- Во 5.круг, Хајдфелд го поминува Баричело за 8.место, а Фетел Бурде за 18. место.
- Во 9.круг, Нелсон Пике го поминува Тимо Глок за 14. место.
- До 10.круг, Хамилтон направи 5 секунди предност пред Кубица, Раиконен, Розберг, Алонсо, Маса, Ковалаинен, Хајдфелд, Баричело и Накаџима.
- Во 15.круг, Зутил се повлекува на страна на патеката поради механички проблем. Бидејќи стјуардите не можат да го поместат, болидот се пали и сигурносното возило излегува во 18. круг.
- Во 19.круг, кога се отвара боксот, повеќе од првопласираните болиди влегуваат во боксот, а кога излегуваат, се уште стои црвеното светло. Кубица и Раиконен застануваат да го чекаат зеленото светло, Хамилтон е зад нив и се удира во Раиконен, а Розберг го удира Хамилтон. Хамилтон и Раиконен се откажуваат.
- Во 21.круг, трката повторно започнува со Хајдфелд на првото место пред Баричело, Накаџима, Вебер, Култхард, Трули, Глок, Физикела, Фетел и Кубица.
- Во 28.круг, Пике се извртува на третиот круг. Хајдфелд влегува во бокс, исто така и Вебер и Физикела, со што Баричело е прв во Хонда.
- Во 31.круг, Кубица го поминува Хајдфелд за 7.место.
- Во 36.круг, Баричело влегува во бокс, по него следуваат Култхард и Фетел, по што во водство се Трули и Глок во Тојота.
- Во 40.круг, Пике се откажува во боксот.
- Во 42.круг, Глок влегува во бокс, и Кубица е прв пред Хајдфелд, Алонсо, Култхард, Баричело, Ковалаинен, Маса, Батон, Накаџима и Вебер.
- Во 44.круг, Алонсо се обидува да го помине Хајдфелд, следниот круг повторно се обидува но во 6. кривина удира во ѕид и се откажува.
- Во 47.круг, Накаџима се допира со Батон, кршејќи го предното крило. При влегување во боксот Накаџима го заглавува крилото под тркало и испаѓа.
- Во 48.круг, Кубица влегува во бокс, но има доволно време за да излезе на првото место пред Хајдфелд.
- Во 51.круг, Ковалаинен се обидува да го помине Баричело, а итриот Маса ги поминува двајцата и избива на четвртото место.
- Во 55.круг,Кубица води пред Хајдфелд, Култхард, Баричело, Глок, Трули, Маса, Фетел, Розберг и Ковалаинен.
- Во 68.круг, Маса го поминува Трули за петтото место.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|