вторник, 10.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Формула 1

Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими

Луис Хамилтон вели дека "не е среќен" откако доби казна од Интернационалната автомобилска федерација (ФИА) за исфрлувањето на својот ривал за титулата, Кими Раиконен од Канадското ГП во неделата. Стјуардите наредија Хамилтон, заедно со Нико Розберг од Вилијамс да бидат казнети со 10 места за Француското ГП во Мањи Кур за две недели, откако асот на Мекларен го игнорираше црвеното светло на излезот од боксот и се удри во Ферарито на Раиконен.

"Очигледно дека не сум задоволен, но тие можат да ми фрлат што сакаат, а јас ќе останам посилен", изјави 23-годишниот Британец при заминувањето од Монтреал.

Но, Хамилтон не доби многу сојузници по инцидентот, дури и во традиционално наклонетиот британски печат. Дејли Стар вели дека поранешниот лидер во генерален пласман изгледал како "почетник" во Канада, местото каде што една година претходно стигна до првата победа. Дејли Телеграф и Гвардијан ја опишаа грешката како "смешна" и "бизарна" додека дописникот на Телеграф, Кевин Гарсајд призна дека се работи за "школска мешаница".

КИМИ ЛУТ НА "ГЛУПАВАТА" ГРЕШКА

Кими Раиконен од друга страна беше лут по "глупавата" грешка на Хамилтон во Британија.

"Не сум лут, но тоа што Хамилтон го направи беше необјасниво. Уште повеќе, беше и глупаво", вели Раиконен.

Сега Финецот нема освоено поени на последните две трки откако во Монако го удри одзади возачот на Форс Индија, Адријан Зутил пред само две недели.

"Можеби јас не сум вистинската личност која треба да зборува за судари, по се што се случи на минатата трка, но едно нешто е да се удриш на патека во жарот на трката, а сосема друго кога си сопрен на црвеното светло во боксот", вели Раиконен.

Некои коментари, сепак, посочуваат дека Раиконен требаше да биде паркиран зад Кубица, а не покрај него на црвеното светло на излезот од боксот, и дека вака не му оставил доволно простор за да го избегне сударот.

"Се обидов да бидам внимателен. Го видов црвеното светло и погледнав назад и тогаш тие беа сопрени. Имаше два болида еден до друг. Да беа во линија ќе ги видев побргу", вели Хамилтон.

ДАЛИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА ВОЈНА ФЕРАРИ-МЕКЛАРЕН

Според шефот на тимот на Ферари, Стефано Доменикали, Хамилтон го добил тоа што го заслужува со казната од 10 места за следната трка.

"Тоа беше сериозна грешка од Хамилтон и мислам дека казната на ФИА е правилна, иако за нас не ги враќа шансите кои ги имавме. Кими беше во одлична позиција да се бори за победа, и имавме голема шанса", вели Доменикали.

Мекларен официјално ја прифати казната на Луис Хамилтон, но некои медиуми објавија дека генералниот менаџер Мартин Витмарш ја оценил казната како "пресурова". Во официјалните документи сепак тонот беше поинаков. Рон Денис вели дека инцидентот е нешто што едноставно се случува.

"Фактот е дека Луис не сфати дека болидите пред него застануваат и беше предоцна. Тешко е возач да одлучи дали да се фокусира на светлата или на болидите пред него во таква ситуација. Затоа ја прифаќаме одлуката на стјуардите", вели Денис.


Наjновo од Спорт
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
Челзи нуди 31 милион фунти за Рибери
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Преговори на Манчестер Сити со Роналдињо
Башкими и Силекс остануваат прволигаши
БИБЛ - иднината на кошарката на Балканот
Надал го "уништи" Федерер за четврта титула од Париз
Кубица го искористи "моментот на лудост" на Хамилтон
Таткото на Хамилтон уништи Порше Карера ГТ
Кубица се уште размислува за "најдобрата опција"
ФИА сака да ги забрани "мост-крилата"
Кими и Скудерија одбиваат да паничат
Макс Мозли остана на чело на ФИА
Во Париз гласање за доверба на Макс Мозли
Дали Кими се подготвува за пензија?
Мозли мора да замине, вели Берни
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи