
|
 |
Спорт / Формула 1
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Кими Раиконен верува дека Роберт Кубица и БМВ мораат да бидат сметани за сериозни кандидати за титулата по првата победа во историјата на тимот во Канада во неделата. Кубица, кој беше втор на стартот, доби помош од Луис Хамилтон во 19. круг, кога се исфрли себеси и Раиконен од трката, но пофалбите доаѓаат од сите страни. Кубица сега е лидер во генерален пласман откако оваа година имаше серија импресивни резултати од Австралија наваму: второ, трето, четврто, четврто, второ и прво место.
"Видовме дека БМВ се брзи цела година, и тука со најдобрите. Сега завршија 1-2, кога работите тргнаа наопаку за нас и Мекларен и имаат водство. Мислам дека нашиот болид ќе може да победува до крајот на сезоната, се уште е рано, но тие освојуваат поени цело време. Никој не смее да ги потцени нив. Кубица има четири поени пред Луис и Фелипе и седум пред мене", вели Раиконен.
Возачот на Ферари не е единствениот кој е загрижен за способноста на БМВ.
"БМВ Заубер се покажаа како неверојатно постојани. Нивната постојаност се исплати во моментов. Мораме да намалиме со грешките", вели Мартин Витмарш од Мекларен.
Самиот Кубица, кој досега велеше дека не ни помислува на титулата, сега е во поинакво расположение.
"Ако водите во генерален пласман по седум трки и освен Австралија, вашиот најлош пласман е четвртото место, секако дека ќе сте расположени. Се надевам дека тимот ќе го даде својот максимум, а и јас ќе бидам подготвен за максимум битка. Мораме да се бориме, но не ни недостасува мотивација", вели 23-годишниот Полјак.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|